Background

Бројот на новинари во Германија би можел да се намали за дури 50 отсто до 2035 година

Бројот на новинари во Германија би можел да се намали за дури 50 отсто до 2035 година, покажува нова студија на медиумски експерти.

Во студијата изготвена по нарачка на германските јавни радиотелевизии АРД и ЗДФ и радиото Дојчландрадио, се посочува дека намалувањето на публиката и приходите на медиумските куќи, во комбинација со подемот на вештачката интелигенција и растечката моќ на технолошките компании, би можело да доведе до значително намалување на бројот новинарски работни места.

Студијата, претставена на конференцијата „Медиа дејс“ во Минхен, предвидува 4 сценарија според кои бројот на новинари до средината на следната деценија би можел да се намали за 12 до 50 отсто. Според извештајот, во Германија во 2023 година имало околу 40.000 професионални новинари, а во најнеповолното сценарио, до 2035 година би останале околу 20.000.

- Advertisement -
Ad image

Истражувачите истакнуваат дека исходот ќе зависи од тоа до кој степен креаторите на политиките ќе ги регулираат големите технолошки компании и дали медиумските организации ќе ја зајакнат меѓусебната соработка.

Во студијата се наведува дека падот на гледаноста и приходите од рекламирање веројатно сериозно ќе ги погоди германските медиумски куќи во следната деценија. До 2035 година, публиката би можела да се намали за 18 до 47 отсто, додека приходите од рекламирање би можеле да опаднат за 10 до 43 отсто.

Се очекува големите технолошки компании и давателите на услуги засновани на вештачка интелигенција да продолжат да растат, што ќе им го отежне на весниците, телевизиските куќи и другите традиционални медиумски компании директниот пристап до публиката и остварувањето приходи од сопствените содржини.

Особено неповолни се изгледите во сценариото што истражувачите го нарекуваат „преземање од големите технолошки компании“ (Big Tech Takeover), во кое тие компании би доминирале на медиумскиот пазар.

Студијата ја изработиле истражувачите Кристијан Забел од Техничкиот универзитет во Келн и Улрике Рон од Универзитетот во Талин, врз основа на интервјуа со 34 експерти од академската заедница, рекламната индустрија, продукцијата и областа на медиумските политики.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖