Background

Макрон призна дека властите не ги очекувале немирите и масовната мобилизација за време на протестите во целата земја на 17 октомври, како и дека не обезбедиле доволно полициски сили

Францускиот претседател, Емануел Макрон призна дека властите не ги очекувале немирите и масовната мобилизација за време на протестите во целата земја на 17 октомври, како и дека не обезбедиле доволно полициски сили.

– Воопшто не го очекувавме тоа. Седумнаесетти октомври не беше очекуван. Властите беа изненадени од толкавата мобилизација на ултралевицата уште во раните утрински часови – рече Макрон, кој е во посета на Марсеј.

Францускиот претседател истакна дека полициските сили не биле сразмерни на ситуацијата.

- Advertisement -
Ad image

Оцени дека следната сабота ќе биде ризична и најави дека маршрутите на демонстрациите ќе бидат надвор од градските центри.

– Не е нормално нашата земја да биде во ваква состојба на превирања шест месеци пред претседателските избори – рече Макрон, повикувајќи хаотичните сцени од 17 октомври никогаш повеќе да не се повторат.

Тој порача дека државата во моментов „ги одржува Републиката и јавниот ред без вонредна состојба“.

– Ако колективно добро си ја завршиме работата, движењето ќе се смири, бидејќи ќе одговориме на легитимните очекувања и ќе го одржиме редот. Ништо не е завршено и ова ви го кажувам со голема решителност и понизност – им рече Макрон на припадниците на безбедносните сили, заблагодарувајќи им за нивната мобилизација.

Тој најави важни соопштенија за средношколците со низа „краткорочни проекти“. Макрон рече дека побарал од Владата да одговори на легитимните барања што се во основата на актуелното општествено движење.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖