Background

МАЈКРОСОФТ НУДИ ОТПРЕМНИНИ ЗА 60.000 ВРАБОТЕНИ

Мајкрософт нуди програми за доброволно заминување со отпремнини за околу 60.000 вработени, што претставува приближно 27 проценти од нејзината глобална работна сила според последните објавени податоци. Сепак, тоа не значи дека толку луѓе ќе ја напуштат компанијата, туку дека имаат можност да ја прифатат понудата.

Технолошката компанија на овој начин настојува да ги контролира трошоците додека продолжува со огромните вложувања во вештачката интелигенција. За 2026 година таа предвидела капитални расходи од 175 милијарди долари, главно поврзани со инфраструктурата за ВИ, центрите за податоци и чиповите.

Понудата, објавена на 26 октомври, се однесува на вработени во САД, Канада, Велика Британија и Индија, во организациските единици што учествуваат во програмата. Меѓу нив се секторите за развој на решенија за вештачка интелигенција, платформата „Копилот“, финансиите, човечките ресурси, „Иксбокс“ и „Виндоус плус уреди“. Од програмата се изземени маркетингот, комерцијалниот сектор и безбедноста, а не учествуваат ниту некои инженерски групи и корпоративни оддели.

- Advertisement -
Ad image

Право на понудата имаат вработени од различни хиерархиски нивоа, вклучувајќи и дел од високите раководители, до тнр. ниво 70 во интерниот систем на компанијата, вклучувајќи и дел од раководителите. Според објавените информации, нема услов за возраст или стаж, а работната успешност не е критериум за учество. Вработените треба да одлучат до првата недела на декември.

Надоместот е сличен на редовниот пакет при прекин на работниот однос и зависи од платата, стажот и нивото на работното место. Вклучува и одредени поволности, како здравствено осигурување за ограничен период и помош при преминување на ново работно место.

Ова е втор ваков доброволен пакет што Мајкрософт го нуди годинава. Во пролетта компанијата им понуди доброволно пензионирање на околу 8.750 вработени во САД, а околу 30 проценти од нив ја прифатија понудата. Во јули, пак, најави укинување на 4.800 работни места, во рамките на поширокото преструктурирање, кое особено го погоди одделот за видеоигри „Иксбокс“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖