Во неделата, невремето „Болео“ однесе најмалку два човечки живота во Велика Британија, а најмалку две други лица се повредени.
Околу 90.000 домаќинства сè уште се без електрична енергија, пренесува германската новинска агенција ДПА. Двајца мажи загинаа во неделата откако врз нив паднале дрвја. Според Би-Би-Си (BBC), еден смртен случај е забележан во Северен Лондон, додека другиот маж го загубил животот во Шкотска.Обединетото Кралство и денес се соочува со обилни врнежи и силни ветрови, кои во одредени области ги отежнуваат напорите за расчистување и за поправка на електричната мрежа. Неколку училишта во Шкотска денес остануваат затворени. Меѓу другото, невремето предизвика поплави и прекини во сообраќајот.
Неодамна и невремето „Арвен“ предизвика пустош
„Болео“ е втората бура што го погоди Обединетото Кралство во последните денови, по пустошот што го остави невремето „Арвен“. Вкупно, поради овие две бури, повеќе од 800.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
