Background

МЕЛАНИЈА ТРАМП ГО НАПРАВИ НЕВОЗМОЖНОТО, ПРИМИРЈЕ ЗА ОПСЕДНАТИОТ ГРАД ВО УКРАИНА

Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, посредувала во постигнувањето локално примирје меѓу Русија и Украина, кое ќе се однесува исклучиво на градот Олешки во јужниот украински регион Херсон. Примирјето треба да стапи во сила на 29 октомври, а целта е да се овозможи доставување хуманитарна помош и евакуација на цивилите, соопшти Белата куќа.

Во градот, кој е под руска окупација од почетокот на целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година, состојбата со снабдувањето со храна и основните намирници сериозно се влошува.

„Двете земји се согласија привремено да ги прекинат сите воени дејства во Олешки, со цел да се овозможи влез на хуманитарна помош и да се подготви евакуација на цивилите преку определен безбеден коридор“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

- Advertisement -
Ad image

Меланија Трамп оцени дека ситуацијата во градот е очајна, а преостанатото население, според неа, главно го сочинуваат постари лица на кои итно им се потребни медицинска помош, лекови, храна и чиста вода.

– Олешки е град на фронтовската линија, на работ на катастрофа – порача првата дама на САД, посочувајќи дека жителите имаат ограничено снабдување со електрична енергија, живеат опкружени со минирани патишта и се изложени на редовни воени напади.

Според нејзиното соопштение, без нејзината интервенција би било невозможно да се достави хуманитарна помош и да се евакуираат постарите жители.

 

 

Предвидено е цивилни претставници од двете земји да ги посетат жителите во нивните домови, да ги проценат нивните потреби и да организираат помош. Оние што ќе сакаат да го напуштат градот ќе добијат поддршка и превоз до дестинацијата што самите ќе ја изберат – во Русија или во Украина.

Меланија Трамп најави и дека неименувана американска медиумска организација ќе ги следи руските и украинските тимови на терен и ќе го документира процесот. Според неа, тоа треба да помогне да се осигури дека желбите на семејствата ќе бидат почитувани при евакуацијата.

Белата куќа соопшти дека Меланија Трамп и нејзин претставник директно соработувале со руското и украинското раководство за утврдување на условите за локалното примирје. Разговорите биле започнати откако таа била информирана за тешката хуманитарна состојба во Олешки, за време на настан во Њујорк поврзан со нејзината иницијатива „Fostering the Future Together“, во рамките на 81 Генерално собрание на Обединетите нации.

Меланија Трамп претходно беше вклучена и во напорите за повторно обединување на украинските деца разделени од нивните семејства во текот на војната. Според Белата куќа, преку воспоставениот комуникациски канал со Русија и Украина досега биле овозможени шест обединувања на семејства, со вкупно 34 деца.

 

 

Пред почетокот на војната, во Олешки живееле околу 24.000 луѓе. Според процените објавени од Белата куќа, денес во градот останале меѓу 1.700 и 2.000 жители, претежно постари лица, како и околу 50 деца. Од 2022 година не е спроведен официјален попис на населението.

Состојбата дополнително се влошила по уништувањето на браната Каховка во јуни 2023 година, кога голем дел од градското подрачје бил поплавен. Според податоците наведени во соопштението на Белата куќа, водата поплавила околу 90 проценти од територијата на градот.

Најавеното примирје треба да создаде услови за доставување помош и безбедно извлекување на цивилите од градот, кој со месеци се соочува со недостиг од храна и медицински материјали.

Во моментот на објавувањето на веста немаше непосредна официјална реакција од руската и украинската влада за најавениот договор. Неговото стапување во сила е предвидено за 29 октомври.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖