Background

ОХРИД ДОСТОЈНО ГО ОДБЕЛЕЖА 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Со  синоќешната свечена акадмија „Од идеја до независност“ која што беше и централен настан во богатата празнична програма на Општина Охрид, се одбележа 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Пред публиката во Центарот за Култура „Григор Прличев“ се обрати Заменик градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска.

– Во предвечерието на утрешнината, со голема гордост  и длабока почит го одбележуваме 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Овој велик и свет ден е симбол на непокорот, мудроста и вековниот копнеж  на македонскиот народ за слобода, правдољубивост и сопствена државност.

На овој голем ден пред повеќе од еден век, беше постравен темелот на организираниот македонски пркос и иеалот за слободна, самостојна и независна држава.

Шестмина визионери  водени од љубовта кон својот народ и татковината, ја запалија искрата на револуцијата која брзо прерасна во сенароден пламен.

 Револуционерната борба не беше само борба со оружје во рака, таа беше идеја за единство, за просвета, за зачувување  на идеалот дека македонскиот народ е господар на сопствената судбина. Од идеалите на 1893 година преку палменот на Илинден 1903, па се до државотворниот АСНОМ  во 1944 година, генерации родољуби го вградија својот живот во идеалот наречен слободна и независна Македонија. Тоа не беше само борба за слобода туку и за градење држава  во која идните генерации ќе живеат во мир, достоинство, напредок и меѓусебно почитување.

Охрид, како лулка на македонската писменост, култура и духовност отсекогаш имал посебно место во оваа борба. Нашиот град даде бројни синови и ќерки кои не се колебаа да ги положат своите животи за идеалот – слободна Македонија.

Нивната храброст, жртва и непоколебливост се вградени во секој камен  на нашиот древен град и во нашата национална меморија.

 Денеска нашата борба е поинаква , но еднакво важна. Денес се бориме со знаење, труд, чесност и посветеност. Борбата на нашата генерација е да изградиме модерни, развиени и европски држава и град. Градиме заедница во која младите ќе ја гледаат својата иднина тука,  на својата дедовина, а постарите ќе имаат достоинствени услови за живот .

Почитта кон минатото се покажува со дела во сегашноста. Секој проект, секоја нова училишна зграда, подобрена инфраструктура и секоја поддршка за нашите граѓани е наш придонес кон остварувањето на заветот што ни го оставија идеалистите од 1893 година.

Нека ни е честит и вековит 23-ти Октомври – Денот  на Македонската Револуционерна  Борба!

Да ги чуваме нашата традиција, историја и идентитет. Да бидеме обединети пред сите предизвици и заедно да продолжиме да градиме подобра иднина  за Охрид и Македонија. Да живее Македонија – рече Крстеска.

Чествувањата по повод големиот национален празник започнаа пред два дена со промоција на ученичката поетска збирка  „Тие доаѓаат“ во издание на Општина Охрид.

- Advertisement -
Ad image

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖