Самитот на лидери од Берлинскиот процес се одржа во Свети Стефан, Црна Гора, на кој главниот фокус беше ставен врз побрзата интеграција на Западен Балкан.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека интеграцијата на регионот во ЕУ повеќе не е само прашање на убави говори, туку геополитички императив.
– Западен Балкан не смее да стане место каде што големите сили се борат за влијание. Во наш заеднички интерес е патот на државите од регионот неповратно да води кон Европската Унија. ЕУ мора да расте ако сака да го потврди својот суверенитет и да биде препознаена како јасен фактор на моќ во светот – истакна Мерц.
Тој нагласи дека од државите во регионот се очекуваат храбри реформи, пред сè во областа на владеењето на правото, што е клучен услов и за германските и европските компании кои инвестираат и отвораат работни места на Балканот.
На Самитот одекна и силната порака од австрискиот канцелар Кристијан Штокер, кој нагласи дека билатералните спорови не смеат да се користат како кочница во процесот на проширување.
Домаќинот на самитот, црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, оцени дека Берлинскиот процес покажал оти и покрај разликите, регионот може да најде заеднички јазик. Црна Гора, која годинава беше домаќин на 26 настани во рамките на процесот, си постави амбициозна цел да ги затвори преговорите до крајот на 2026 година и да стане 28. членка на ЕУ до 2028 година, предавајќи ѝ ја палката на претседавањето со Берлинскиот процес на Австрија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
