Background

ПРИНЦОТ ХАРИ СÈ УШТЕ ЖАЛИ ЗА ПОСЛЕДНИОТ РАЗГОВОР СО ДИЈАНА

Принцот Хари повторно проговори за една од најболните спомени од детството – последниот телефонски разговор со неговата мајка, принцезата Дијана. Во интервју за списанието „Џи-кју“, војводата од Сасекс откри дека и по речиси 30 години сè уште жали што разговорот бил толку краток.

– Да знаев дека тоа ќе биде нашиот последен телефонски разговор, колку поинаков ќе беше тој разговор. А јас сум тој што мора да живее со тоа – изјави Хари. Тој се потсети дека тогаш бил само 12-годишно момче кое сакало што побрзо да се врати на играњето со своите братучеди.

Дијана им се јавила на синовите неколку часа пред да загине во сообраќајна несреќа во Париз, на 31 август 1997 година. Хари и неговиот постар брат, принцот Вилијам, тогаш престојувале во Балморал, шкотската резиденција на кралското семејство. Вилијам имал 15 години, а Хари 12. Ниту едно од момчињата не можело да претпостави дека тоа ќе биде последниот пат кога ќе го слушнат гласот на мајка си.

- Advertisement -
Ad image

За краткиот разговор двајцата браќа зборуваа и во документарецот „Дијана, нашата мајка: нејзиниот живот и наследство“ од 2017 година. Вилијам тогаш се присети дека и тој и Хари брзале да се поздрават со мајка си за да продолжат со играњето. Со текот на годините, споменот за тој разговор останал болен и за двајцата.

Хари откри и дека за мајка си размислува речиси секој ден. Понекогаш, како што раскажа, во мислите ѝ се обраќа и се прашува како би изгледал светот доколку таа сè уште била жива, како би изгледало неговото семејство и каква улога би имала Дијана во животот на неговите деца.

– Понекогаш ѝ поставувам прашања, барајќи некаков одговор, а понекогаш и добивам одговор – рече Хари, објаснувајќи дека и денес чувствува посебна поврзаност со мајка си. Додаде дека во одредени моменти од животот ја чувствува нејзината енергија.

Тој зборуваше и за тоа како татковството го променило неговиот однос кон сопствените чувства. Кога го добил синот Арчи со сопругата Меган Маркл, сфатил колку лесно децата ја препознаваат вознемиреноста кај родителите. Хари се присети дека по стресните денови понекогаш се враќал дома и забележувал дека Арчи веднаш реагира на неговата напнатост. Затоа почнал да ги користи патувањата со автомобил за да се смири пред да помине време со синот.

Војводата од Сасекс откри дека по околу 20 години потиснување на чувствата, терапијата му помогнала да си дозволи да тагува и да ја прифати болката од загубата. Денес, преку сопственото искуство, сака да им помогне и на други луѓе кои се соочуваат со смрт на близок. Во новата програма на „МастерКлас“, подготвена со експертката за тагување д-р Мери-Франс О’Конор, зборува за загубата и начините на кои луѓето можат да научат да живеат со неа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖