Background

Американската софтверска АИ компанија „Палантир“ ги уверува европските земји дека нема механизам за далечинско исклучување на системот „Мејвен Смарт“ на НАТО, воен систем со вештачка интелигенција

Американската софтверска АИ компанија „Палантир“ ги уверува европските земји дека нема механизам за далечинско исклучување на системот „Мејвен Смарт“ на НАТО, воен систем со вештачка интелигенција, откако прекините во сателитската услуга „Старлинк“ на Украина ја зголемија загриженоста за зависноста од американските технолошки компании.

Украина минатата недела соопшти дека имала ограничен пристап до воената сателитска услуга „Старшилд“, која ја користи мрежата сателити „Старлинк“ на „СпејсИкс“, така што терминалите престанале да работат на брзо движечките платформи. Тоа ги отежнало задачите како што е користењето пресретнувачи на беспилотни летала за одбивање на руските напади.

Американските и украинските претставници, како и извршниот директор на „СпејсИкс“, Елон Маск, понудија спротивставени објаснувања за прекинот.

- Advertisement -
Ad image

Украинските и европските претставници изјавија дека се сомневаат во политички мотив, бидејќи ограничувањето беше воведено откако американскиот претседател Доналд Трамп побара Украина да престане да ги напаѓа руските рафинерии за нафта. Сомневањата предизвикаа загриженост кај европските политичари дека континентот е премногу зависен од американската одбранбена технологија што би можела да биде прекината, ограничувајќи ја неговата способност да се одбрани.

Луис Мозли, извршен потпретседател на „Палантир“ за Велика Британија и за Европа, во вторникот за Ројтерс изјави дека ниту компанијата, ниту американската влада, не можат да ја затворат платформата за вештачка интелигенција „Мејвен Смарт Систем“ (Maven Smart System), која ја користат воената команда на НАТО и неколку европски војски.

– Она што го видовме во вестите во последните неколку дена во врска со „Стралинк“ е исклучително загрижувачко. Но, кога станува збор за „Палантир“, можам да ве уверам дека клиентите кои го купиле нашиот софтвер имаат целосна оперативна контрола врз него – рече Мозли во интервју во Брисел.

Нема механизми за далечинско исклучување, уверува тој.

– Ниту „Палантир“, ниту американската влада, не можат да интервенираат и да го исклучат – додаде Мозли.

Системот „Мејвен“ обработува огромни количества податоци од сателити, радари и други сензори за да им даде на воените команданти целосна слика за бојното поле и да го забрза донесувањето одлуки.

НАТО го купи „Мејвен“ за Врховната команда на сојузничките сили на Европа во 2025 година и во јуни оваа година објави дека системот достигнал „целосна техничка оперативна подготвеност“.

Меѓутоа, некои европски членки на НАТО, вклучувајќи ги Германија и Франција, не го имплементираа „Мејен“ во своите вооружени сили, поради загриженост од зависноста од американска компанија поради честите тензии меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери.

Шефот на германската сајбер команда во април ја отфрли можноста земјата да го купи „Мејвен“, велејќи дека е „незамисливо“ вработените во приватна компанија да имаат пристап до воената база на податоци на земјата.

Мозли рече дека одлуката за тоа дали вработените во „Палантир“ ќе бидат вклучени во работењето на системот е со „целосно дискреционо право на клиентот“. Тој рече дека тие вработени ќе бидат државјани на соодветната земја и ќе имаат потребна дозвола за пристап до класифицирани информации.

– Системот апсолутно може да работи независно од нас. Имаме многу клиенти низ целиот свет – и во војската и во корпоративниот сектор кои го прават токму тоа – додаде тој.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖