Background

Претседателот на Украина Володимир Зеленски остро реагираше откако специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, го нарече рускиот претседател Владимир Путин „хуманитарец“

Претседателот на Украина Володимир Зеленски остро реагираше откако специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, го нарече рускиот претседател Владимир Путин „хуманитарец“.

Повод за пофалбата беше ослободувањето на американскиот државјанин Стивен Хабард од страна на Русија за што Москва не побара ништо за возврат од САД.

Украинскиот претседател подоцна иронично одговори во објава порачувајќи дека руските „хуманитарци“ испукале балистички ракети кон Киев во три бранови.

- Advertisement -
Ad image

Според неговите информации, во текот на ноќта кон украинската престолнина биле истрелани 21 ракета.

„За жал, бројни објекти низ градот беа погодени и оштетени: обични станбени згради, енергетски објекти, инфраструктура на една од железничките станици и метро станиците, трговски центри и деловни простории“, соопшти Зеленски.

Што точно кажа Виткоф на средбата со Путин во Санкт Петербург?

– Често зборувате за тоа како мојот претседател, претседателот Трамп, е хуманитарец. И вие сте хуманитарец, господине – му рекол пратеникот на Трамп на Путин.

Во исто време, од разговорите во Санкт Петербург пристигна и поинаква порака, поврзана со хуманитарните прашања.

Путин побарал од Виткоф да ѝ пренесе лична благодарност на американската прва дама Меланија Трамп за нејзините напори за обединување на семејствата разделени од војната во Украина.

„Ве молам да ја пренесете мојата искрена благодарност не само до претседателот, туку и до првата дама за нејзиниот придонес во решавањето на хуманитарните прашања“, изјави Путин.

Белата куќа во август соопшти дека американската прва дама помогнала во повторното обединување на 34 деца со нивните семејства. Нејзината конкретна улога во секој од случаите не е независно потврдена.

Прашањето за украинските деца останува едно од најчувствителните хуманитарни прашања во војната.

Украинските власти тврдат дека повеќе од 20.000 деца биле депортирани или присилно преместени во Русија и на територии под руска контрола.

Русија ги отфрла обвинувањата и тврди дека преместувањето на децата било преземено заради нивната безбедност.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг во март 2023 година издаде налог за апсење на Путин и на руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова, поради сомнение за незаконска депортација и трансфер на украински деца.

Средбата на Виткоф и Путин во Санкт Петербург следеше по средба на Виткоф со Зеленски во Осло, американски дипломатски обид да се забрзаат напорите за изнаоѓање мирно решение за крај на војната во Украина.

Додека Зеленски реагира дека американската страна не ѝго доставува потребното оружје на Украина и обвинува дека Трамп и Путин планираат самит на кој нема да биде поканет, Путин, од друга страна, изразил подготвеност за продолжување на трилатералните разговори САД-Русија-Украина во досегашниот формат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖