Background

Протестите на камионџиите поради високите цени на горивата го отсекоа југот од земјата

Протестите превозниците на југот на Италија поради високите цени на горивата го загрозуваат производството на тестенини и го попречуваат снабдувањето со храна, предупредија производителите и претставниците на прехранбениот сектор.

Снабдувањето со храна во Рим може да биде доведено во прашање бидејќи сообраќајните метежи го отежнуваат доставувањето производи од југот на Италија.

– Поради блокадите на патиштата и повисоките трошоци за транспорт, има недостиг од домати, пиперки и грозје, што го поттикнува растот на цените и ја зголемува зависноста од увоз од земји како Шпанија и Албанија – предупреди најголемиот италијански трговец на големо со овошје и зеленчук, Centro Agroalimentare Roma (CAR).

- Advertisement -
Ad image

Проблемите влијаеја и на прехранбената индустрија. Производителот на тестенини Rummo од Кампанија го прекина производството бидејќи остана без суровини.

Извршниот директор на компанијата, Козимо Румо, изјави за дневниот весник la Repubblica дека речиси секој голем производител на тестенини во соседна Пуља се соочува со слични тешкотии.

– Поголемиот дел од италијанското производство на тестенини е запрено или е на работ на запирање – вели Румо.

La Molisana, производител на тестенини со седиште во Молизе, исто така објави значително намалено производство, додавајќи дека дошол до залихи од пченица и пченичен гриз. Земјоделското здружение Конфагриколтура предупреди дека производителите на Сицилија ќе мора да уништат големи количини лесно расипливи производи доколку транспортот не се нормализира наскоро.

Италијанската влада најавува дополнителна помош за патните превозници. По состанокот со нивните претставници во вторник, заменик-министерот за инфраструктура Едоардо Рикси изјави се подготвува пакет мерки за поддршка во вредност од повеќе од 150 милиони евра кој ќе биде достапен наскоро.

Демонстрантите минатата недела блокираа патишта и пристаништа во Сицилија и јужна Италија, што резултираше со празни полици во продавниците и долги редици на бензинските пумпи.

Винченцо Алеција, претседател на здружението за патен транспорт во Трапани, пристанишен град во западна Сицилија, изјави за Ројтерс дека е свесен за сериозноста на ситуацијата, но нагласи дека станува збор за мирен протест во интерес на граѓаните бидејќи зголемувањето на цените влијае на сите.

Агенцијата за управување со воздушниот сообраќај ENAV во среда објави дека на аеродромите Кротоне и Реџо Калабрија им снема керозин поради доцнење во испораките. Затоа, пилотите мора да го наполнат авионот со доволно гориво на аеродромот од кој полетале или пристигнале, соопшти ENAV.

Сицилијанскиот комитет за патен транспорт (CTS) во вторник објави дека ја прекинува блокадата, бидејќи министерот за транспорт Матео Салвини се сретна со здруженија во Милано, а владата објави дека ќе започне исплатата на веќе најавените 480 милиони евра поддршка.

Превозниците во Калабрија и други делови од јужна Италија изјавија дека ќе продолжат со протестите барем до новиот состанок во министерството закажан за 27 октомври во Рим.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖