Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска учествува на Самитот на Берлинскиот процес, кој се одржува во Црна Гора, со учество на лидерите од Западен Балкан, претставници на Европската Унија и меѓународни организации.
На самитот ќе учествува и германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој заедно со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ ќе го отвори собирот.
Според најавата од владината прес-служба, Мицкоски на главната сесија во Свети Стефан ќе ги претстави македонските ставови за економската соработка, регионалната безбедност, конкурентноста и европските интеграции.
Во фокусот на разговорите ќе бидат економскиот раст, поврзувањето на земјите од Западен Балкан и забрзувањето на нивниот пат кон Европската Унија.
Црна Гора, која годинава претседава со Берлинскиот процес, како дополнителен приоритет ја постави зелената и одржлива транзиција.
Во рамките на самитот е предвидена и пленарна сесија под наслов „Регионот во движење: Западен Балкан ја обликува заедничката иднина на Европа“.
Берлинскиот процес е меѓувладина иницијатива покрената во 2014 година од Германија, за време на канцеларката Ангела Меркел, со цел да се поттикнат регионалната соработка и приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ.
Еден од конкретните резултати на процесот се договорите за мобилност од 2022 година, кои предвидуваат патување со лична карта во регионот и меѓусебно признавање на високообразовните дипломи и професионалните квалификации за лекарите, стоматолозите и архитектите.
Денешниот самит е завршен настан од едногодишното претседавање на Црна Гора со Берлинскиот процес.
Tagged as:
безбедноста и за ЕУ Мерц и балканските лидери ќе разговараат за економијата
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
