Background

ПОЛСКА РЕВОЛТИРАНА ОД ПРОНАЦИСТИЧКА ОДЛУКА НА Л’ВОВ

Полскиот премиер Доналд Туск остро реагираше на одлуката на градот Л’вов 2027 година да ја посвети на герилците од Втората светска војна, кои се сметаат за одговорни за масакрот врз Полјаците во западна Украина, изјавувајќи дека овој чекор „ѝ штети на Украина и им оди во прилог на оние што ѝ мислат лошо“, пренесе ДПА.

И украинското Министерство за надворешни работи ја критикуваше одлуката, оценувајќи ја како „контрапродуктивна“ и предупреди дека таа ги поткопува напорите за зајакнување на украинско-полските односи. Министерството нагласи дека резолуцијата била усвоена на регионално ниво од локално управно тело и дека ниту министерството ниту други институции на централната власт не биле консултирани за можните последици врз односите со Полска.

Регионалниот совет на Л’вов вчера ја прогласи 2027 година за Година на Украинската востаничка армија (УПА) и на нејзиниот командант Роман Шухевич, совпаѓајќи се со 85-годишнината од основањето на УПА и 120-годишнината од раѓањето на Шухевич.

- Advertisement -
Ad image

Шухевич командувал со УПА од 1943 до 1950 година — период во кој организацијата извршила масовни убиства врз локалното полско население на територијата на денешна западна Украина. Претходно, тој бил еден од командантите на украинскиот доброволен баталјон „Нахтигал“ (Славеј), кој како дел од Вермахтот учествувал во германската инвазија на Советскиот Сојуз и бил вмешан во прогонот на Евреите.

Најновиот спор следува по претходното влошување на односите меѓу Украина и Полска во јуни, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски на една воена единица ѝ ја додели почесната титула „Херои на УПА“. Како одговор, полскиот претседател Карол Навроцки иницираше поништување на одлуката Зеленски да го добие полскиот Орден на Белиот орел, а неколку украински и полски политичари ги вратија одликувањата што ги добиле од другата земја. Полјаците се револтирани и од плановите за одавање почит на националистичките лидери на меморијалниот локалитет во Киев.

Полска, која е членка на ЕУ и НАТО, е близок сојузник на Украина по руската инвазија и има примено речиси еден милион воени бегалци. Премиерот Туск додаде дека претходно интензивно соработувал со Зеленски за надминување на кризата со одликувањата, истакнувајќи дека не ги разбира „самоубиствените тактики“ на регионалниот совет на Л’вов. Истовремено, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски соопшти на платформата „Икс“ дека се погрижил регионалниот пратеник од Л’вов, кој ја поднел резолуцијата, да биде ставен на списокот на лица на кои им е забранет влез во Полска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖