ОРОВНИК ДОБИВА ЦЕЛОСНО НОВ ЛИК: Модерна инфраструктура за подобро утре!
ОРОВНИК ДОБИВА ЦЕЛОСНО НОВ ЛИК: Модерна инфраструктура за подобро утре!
Денес бев на терен во Оровник, каде со задоволство можам да потврдам дека градежните работи се одвиваат со полна пареа! Селата во Дебрца заслужуваат модерни услови за живот, а ние тоа го остваруваме на дело.
На потегот од влезот на селото, па сè до црквата „Св. Илија“ на сред село, во тек се подготовки за целосно асфалтирање на главната улица. Но, овој проект опфаќа многу повеќе од само нов асфалт:

Подземно каблирање на електричната мрежа и нови ормари

Нови тротоари за безбедно движење на сите генерации

Ново улично осветлување
Со вкупна инвестиција од 11,5 милиони денари, трајно го решаваме изгледот на селото и го подигнуваме квалитетот на живот во Оровник.
Дебрца се гради и се развива – не со празни ветувања, туку со реални дела кои остануваат за генерациите по нас.
Одиме понатаму. Продолжуваме!
