Background

Се зголемува поддршката за лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен по немирите во Франција

Се зголемува поддршката за лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен по немирите во Франција, покажува истражување на јавното мислење објавено во весникот „Фигаро“.

Анкетата спроведена од француските институти ИФОП и „Фидусијал“, предвидува дуел меѓу Ле Пен и лидерот на радикалната левица, Жан-Лик Меланшон, во вториот круг од претседателските избори закажани за следната година. Според резултатите, кандидатот на десниот центар Едуар Филип, поранешен премиер за време на претседателскиот мандат на Емануел Макрон, нема да се пласира во вториот круг во ниту едно од разгледуваните сценарија.

Анкетата покажува дека Ле Пен во првиот круг би освоила од 34 до 38 отсто од гласовите, што е за еден до два процентни поена повеќе во споредба со претходното слично истражување. Меланшон е на второто место со поддршка од 15 до 20 отсто.

- Advertisement -
Ad image

Едуар Филип би освоил најмногу 15 отсто, што е за 3 процентни поени помалку од претходната анкета. Друг поранешен премиер во времето на Макрон, центристот Габриел Атал, има поддршка од 13 отсто.

Поддршката за левичарот Рафаел Глуксман се движи меѓу 12 и 16 отсто.

Во вториот круг, според анкетата, Ле Пен би ги победила сите потенцијални противници, освојувајќи меѓу 56 и 58 отсто од гласовите. Најголема разлика би имала во дуелот со Меланшон во кој, според истражувањето, би освоила 68 отсто од гласовите, наспроти неговите 32 отсто.

Истражувањето е спроведено од саботата до понеделникот, во време кога Франција беше зафатена од немири.

Предноста на Ле Пен е очекувана, наведува „Фигаро“, потсетувајќи дека социолозите предвидувале раст на нејзината поддршка поради нејзиното ветување за „мирна Франција“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖