Background

Високи претставници на НАТО го предупредиле украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ризикува дополнително да ги наруши односите со американскиот претседател Доналд Трамп

Високи претставници на НАТО го предупредиле украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ризикува дополнително да ги наруши односите со американскиот претседател Доналд Трамп, што би можело да ги доведе во прашање испораките на американско оружје за Украина.

Предупредувањето, за кое известува Блумберг, доаѓа во чувствителен момент за Киев, додека Вашингтон ги засилува дипломатските контакти со Москва и бара договор за завршување на војната.

Според извори на американската агенција во Алијансата, меѓу сојузниците постои загриженост дека односите меѓу двајцата претседатели можеби веќе достигнале точка од која тешко ќе можат да се обноват.

- Advertisement -
Ad image

Претставници на НАТО, наводно, ја повикале украинската страна да преземе чекори за намалување на тензиите со Белата куќа.

Еден од изворите предупредил дека непредвидливоста на Трамп може да има непосредни последици врз воената поддршка за Киев. Особено чувствителни се испораките на американско оружје што европските држави ги финансираат преку програмата PURL.

Европските сојузници, според истите информации, зад затворени врати се обидуваат да ја подобрат комуникацијата со американската администрација. Засега, сепак, не се планирани нови посети на европски претставници во Вашингтон, какви што биле организирани при претходните несогласувања меѓу Зеленски и Трамп.

НАТО, Белата куќа и украинските власти засега официјално не ги коментирале информациите на Блумберг.

Предупредувањата се појавуваат во време кога Зеленски се обидува да ги поправи односите со Вашингтон, кои, според Ројтерс, паднале на ново најниско ниво.

Украинскиот претседател отпатува во Осло, каде што се одржаа разговори со американски и европски претставници за можните услови за завршување на војната.

На средбите учествуваа и лидерите на Норвешка и Финска, како и претставници на НАТО.

Американски функционер изјавил дека Украина претставила нови идеи и предлози, а учесниците постигнале значаен напредок во усогласувањето на пристапот кон идните разговори со Русија.

Разговорите опфатиле безбедносни гаранции за Украина, повоен економски план и поширока европска безбедносна архитектура.

Американскиот пратеник Стив Виткоф, кој учествува во дипломатските напори за завршување на војната, денеска треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Тој на аеродромот Пулково кај Санкт Петербург беше пречекан од специјалниот пратеник на Путин, Кирил Димитриев.

Средбата во Москва следува по разговорите во Осло, кои учесниците ги оценија како конструктивни.

– Виткоф би имал за цел да создаде пат кон директни трилатерални и пошироки мултилатерални преговори – изјавил американски функционер.

Претходно, руски медиуми јавија дека авион на американските воздухопловни сили што доаѓал од Осло влегол во рускиот воздушен простор.

Во меѓувреме, стигнаа првите коментари за средбата на Виткоф и Зеленски во Осло.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре изјави дека состанокот бил добар и конструктивен, додека финскиот претседател Александар Стуб изрази оптимизам за продолжувањето на мировниот процес.

– Мислам дека мировниот процес е повторно на вистинскиот пат – рече Стуб.

Зеленски, пак, соопшти дека Украина повторно добива рани предупредувања за руски ракетни напади, по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио.

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, оцени дека вчерашната средба во Осло меѓу украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, била позитивна, без ништо неочекувано или изненадувачко.

Киев претходно изрази незадоволство поради блокирањето на американските испораки на оружје и разузнавачки информации.

Украинскиот претседател рече дека во Осло се разговарало и за безбедносни гаранции слични на оние предвидени со членот 5 од Северноатлантскиот договор, според кој вооружен напад врз една членка се смета за напад врз сите.

Зеленски и европските сојузници сметаат дека по усогласувањето на предлозите во Осло, следниот потег треба да го направи Москва.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека Кремљ ќе го сослуша предлогот што ќе го донесе Виткоф, но истовремено ја исклучи можноста за политички отстапки.

Во меѓувреме, Трамп повторно ја повика Украина да прифати договор за завршување на војната, тврдејќи дека и Москва сака таков исход.

– Украина мора да сака да ја заврши оваа војна. Русија има предност во судирот, бидејќи е голема машина и едноставно продолжува да напредува. Зазеде многу територија – изјави американскиот претседател Доналд Трамп..

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖