Background

МАЈКИТЕ ШТО РАЃААТ НА 50 ГОДИНИ СЕ СТАРИ, ТАТКОВЦИТЕ ШТО ДОБИВААТ ДЕЦА НА 80 СЕ ФРАЕРИ

Холивудската актерка Хилари Свонк (52), која неодамна објави дека го очекува третото дете, ја отвори темата за двојните стандарди во односот кон постарите родители. Во разговор со водителката Дру Баримор таа истакна дека жените се изложени на многу поголеми критики кога ќе одлучат да имаат деца во подоцнежните години, за разлика од мажите.

– Има многу негативни реакции кон жените кои имаат деца на постара возраст, но не и кон мажите, што е интересно – вели Свонк во разговорот во емисијата на Баримор.

Водителката се согласи со неа, забележувајќи дека мажите стануваат татковци и во осумдесеттите години, без да предизвикаат слична лавина од осуди. Таа потсети и дека жените кои стануваат мајки во четириесеттите не секогаш наидуваат на разбирање.

„Премногу си стара“ – коментар што ја натерал да размисли

- Advertisement -
Ad image

Свонк раскажала и за коментар од жена која ја критикувала поради возраста, предупредувајќи ја дека можеби нема да биде жива кога нејзините деца ќе пораснат. Жената ѝ објаснила дека го изгубила својот татко во раните дваесетти години и дека таа загуба била разорна за неа.

Актерката рекла дека ја разбира болката зад тие зборови, бидејќи и самата го изгубила татка си, Стивен Свонк, во 2021 година. Сепак, искуството ја навело да размисли поинаку за критиките.

– Повеќе би сакала да се родам и да го имам тој човек, кој ми е еден од омилените луѓе на светот, и да го доживеам тоа, отколку воопшто да не го доживеам – објаснила таа, говорејќи за вредноста на односот меѓу родителот и детето.

 

Првпат стана мајка на 48 години
Ѕвездата на филмот „Million Dollar Baby“, за кој освои „Оскар“, во април 2023 година доби близнаци – ќерката Аја и синот Ом – со сопругот Филип Шнајдер. Тогаш имаше 48 години. Сега парот го очекува третото дете, кое треба да се роди во декември.

Свонк претходно откри дека на 37 години ги замрзнала јајце-клетките, но нагласила дека не планирала намерно да го одложува мајчинството. Во интервју во 2025 година рекла дека би сакала да имала деца порано, но дека нејзиниот живот се развивал така што вистинскиот момент дошол подоцна.

Таа смета дека искуството, воспоставената кариера и времето што го имала да се подготви ѝ помогнале да биде потрпелив и поприсутен родител. Нејзината приказна повторно ја отвора дебатата за тоа зошто возраста на мајката толку често станува предмет на јавна расправа, додека возраста на таткото не се анализира со истиот интензитет.

Бременоста ѝ разбудила и необични желби за храна
Покрај темата за предрасудите, Свонк зборува и за желбите за храна што ги има во текот на третата бременост. Таа открива дека ѝ се јадат оризови колачиња „Рајс криспис“ и грицки „Читос“, но бидејќи не јаде сирење, морала да пронајде веганска алтернатива на омилените грицки.

Во разговорот со Баримор двете разменија искуства за необичните желби во бременоста. Свонк објасни дека понекогаш не станува збор само за желба да се изеде нешто, туку за чувство дека телото навистина го бара тоа.

Актерката ја објави веста за третата бременост на 14 октомври, со забавно видео во кое таа, сопругот и близнаците танцуваат со светлечки стапчиња прикачени на облеката. На крајот се појавува и нејзиниот стомак со нацртано светлечко бебе.

– Многумина ме прашуваа кој е мојот следен проект. Овој излегува во декември – напиша таа со доза хумор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖