Background

Ерик Дејн, актерот познат по улогите во сериите „Вовед во анатомијата“ и „Еуфорија“, во своите посмртно објавени мемоари открил шокантни детали за борбата со зависноста од дрога во дваесеттите години од животот

Ерик Дејн, актерот познат по улогите во сериите „Вовед во анатомијата“ и „Еуфорија“, во своите посмртно објавени мемоари открил шокантни детали за борбата со зависноста од дрога во дваесеттите години од животот. Во книгата „My Book of Days: A Memoir in Moments“ тој период го опишал како своја „мрачна фаза“, во која, и покрај обидите да изгради актерска кариера, најголемиот дел од времето го поминувал користејќи дрога.

– Се пријавував на аудиции за неколку улоги, добивав некои од нив, но главно се дрогирав – напишал Дејн во извадок од мемоарите објавен во списанието „Пипл“.

Актерот без заобиколување набројал низ какви искуства поминал. Во неговата листа се алкохол, марихуана, ЛСД, хероин, кокаин, халуциногени печурки, мескалин, метамфетамин и крек, но и големи количества лекови против болки.

- Advertisement -
Ad image

– Не мислам дека постои дрога што не сум ја пробал – признал тој.

Дејн користел и лекови како „Викодин“, „Перкоцет“ и „Оксиконтин“, како и седативи и други лекови наменети за различни состојби. Во мемоарите опишал како зависноста постепено го преземала неговиот живот, додека тој истовремено се обидувал да напредува во професијата.

Зависноста влијаела и врз неговата кариера

Проблемите со дрогата не останале само дел од неговиот приватен живот. Дејн во мемоарите се навратил и на периодот кога ја стекнувал светската слава со улогата на д-р Марк Слоун во „Вовед во анатомија“, серијата во која глумеше од 2006 до 2012 година.

Во тоа време повторно се соочил со зависноста од лекови против болки, откако повредил диск во вратот при вежбање. Актерот раскажал дека неговото однесување на снимањето се променило, дека станал повлечен и дека колегите забележувале дека нешто не е во ред. Во повеќе наврати се лекувал од зависноста, но борбата не била едноставна.

Иако неговата кариера продолжила со улоги во други проекти, меѓу кои и серијата „Еуфорија“, личните проблеми оставиле трага врз неговиот живот. Во подоцнежните години, Дејн се соочи и со тешка здравствена состојба.

 

Последните години ги одбележа борбата со тешка болест

Актерот во април 2025 година јавно откри дека му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС), прогресивна невролошка болест која ги оштетува нервните клетки одговорни за контролата на мускулите.

Ерик Дејн почина на 19 февруари 2026 година, на 53-годишна возраст, од респираторна слабост поврзана со болеста. Зад себе ги остави сопругата Ребека Гејхарт со која остама близок и покрај разделбата и нивните две ќерки, Били и Џорџија.

 

Мемоарите „My Book of Days: A Memoir in Moments“ треба да бидат објавени на 3 ноември 2026 година. Во нив Дејн не зборува само за зависноста, туку и за семејството, кариерата и обидите да се справи со најтешките моменти од животот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖