Неколку албански институции денеска добиле електронска порака со закани за поставени експлозивни направи и за терористички напади, соопшти албанската полиција.
Според првичните информации, е-пораката била испратена од електронска адреса на образовна институција во Саудиска Арабија.
Во официјалното соопштение од полицијата се наведува дека денешната порака е слична на пораките од претходни случаи, кога заканите од ваков вид беа испраќани од компромитирани електронски адреси на студенти од странски образовни институции. Надлежните полициски служби продолжуваат да ги проверуваат потеклото и автентичноста на пораката, како и да работат на идентификување на нејзините испраќачи.
Заканите со бомби доаѓаат во време кога во Албанија продолжуваат протестите, кои траат веќе седми ден. Демонстрантите, предводени од студенти, бараат оставка на премиерот Еди Рама, обвинувајќи ги властите за корупција и занемарување на образованието. Нивните демонстрации следуваат по повеќемесечни мирни протести против продажбата на дел од албанското крајбрежје за изградба на туристички комплекс поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
Според албанските медиуми, денеска протести се одржуваат не само во Тирана, туку и во други албански градови – Лежа, Мирдита, Милот, Скадар, Елбасан и Валона. На некои места делумно се бојкотира наставата, а регистрирани се и напади врз институции.
Вчера албанскиот премиер Еди Рама ги обвини Русија, Иран, крајнолевичарското движење „Антифа“, политичките и верските екстремисти, како и лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, дека се дел од сложена мрежа на влијание што ги поттикнува протестите во земјата со цел предизвикување насилство и ширење дезинформации.
Во меѓувреме, пратеничката Марјана Кочеку, која ја напушти пратеничката група на Социјалистичката партија и сега дејствува како независна пратеничка, испрати отворено писмо до дипломатите во кое изразува загриженост поради, како што наведе, прекумерната употреба на сила од страна на полицијата и несоодветниот третман на приведените лица.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
