Еден тон пилешки желудници се запленети и уништени при вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Станува збор за производ чиј увоз и употреба во производството на храна за луѓе се забранети уште во јули 2024 година.
Инспекторите заплениле и уништиле и 55 килограми месни подготовки во кои биле употребени пилешки желудници.
Против две месарници кои не ја почитувале забраната се преземени соодветни прекршочни мерки.
Од АХВ информираат дека вонредните контроли се дел од засилените активности за спречување на нелегалната трговија со овој вид производи и заштита на потрошувачите.
„Со цел обезбедување висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудници наменети за човечка исхрана“, наведуваат од АХВ.
Забраната се однесува и на користењето пилешки желудници во производството на месни подготовки и производи.
Од Агенцијата објаснуваат дека одлуката била донесена по анализа на ризиците од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината во исхраната.
Како потенцијални опасности се наведуваат „можна контаминација со патогени бактерии и вируси, присуство на токсини и слично“.
АХВ посочува дека при инспекциските контроли спроведени пред донесувањето на забраната биле откриени и случаи на „злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии“.
Решението од 2024 година било донесено врз основа на резултатите од анализата на ризик и тогашните инспекциски наоди.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
