Background

ЌЕРКАТА НА КИМ КАРДАШИЈАН ОТКРИ ДЕКА НЕЈЗИНИТЕ ПИРСИНЗИ СЕ ЛАЖНИ

Норт Вест, ќерката на Ким Кардашијан и раперот Канје Вест, конечно стави крај на шпекулациите за пирсинзите на лицето што предизвикуваа бурни реакции на интернет. Во неодамнешен пренос во живо на Тик-Ток со нејзината мајка, 13-годишната девојка откри дека украсите на носот и образите не се вистински пирсинзи.

– Луѓе, овие пирсинзи не се вистински – им порача Норт на гледачите, приближувајќи се кон камерата за подобро да ги покаже украсите на образите.

– Толку често ги менувам, мислите дека се вистински – рече таа. Ким, која има 45 години, се надоврза со прашање како е можно луѓето да мислат дека се вистински кога постојано се различни.

– Речиси секој ден – се надоврза Норт.

Сепак, Норт откри дека најмногу сака пирсинг на мостот на носот, односно на делот меѓу очите. „Навистина многу сакам таков пирсинг, но ако навистина го направам, лузната може да биде многу изразена – објаснила таа.
- Advertisement -
Ad image

Норт додала дека родителите засега не ѝ дозволуваат да направи вистински пирсинг на тоа место, но не ја исклучува можноста да го направи кога ќе биде постара. Таа призна и дека сака пирсинзи на образите. Ким, пак, со насмевка ѝ одговори дека засега можат да ги лепат украсите.

 

Освен за пирсинзите, мајката и ќерката разговараа и за критиките што Норт ги добива поради својот изглед. Нејзината сина коса, темните навлаки за забите и впечатливиот моден стил предизвикаа бројни коментари на социјалните мрежи, а некои корисници дури нејзиниот стил го нарекуваа „демонски“.

– Престанете да велите дека сум демонска. Не сум. Само затоа што сакам вака да се облекувам, не судете за книгата според корицата – порача Норт. Таа нагласи дека верува во Исус и дека нејзиниот изглед не значи дека има некаква поврзаност со демони. Ким застана во одбрана на ќерка си, истакнувајќи дека луѓето често донесуваат заклучоци само врз основа на нејзиниот изглед.

Ким објасни дека токму црните навлаки за забите и пирсинзите веројатно ги поттикнуваат ваквите коментари, но Норт возврати дека не разбира зошто нејзиниот стил би се поврзувал со нешто демонско. Таа нагласи дека верува во Исус, а за белата готска комбинација што ја носела на својот прв настап во Чикаго вели дека сака да изгледа како ангел и да симболизира светлина, а не темнина.

Норт и претходно зборуваше за желбата преку модата да ја изразува својата личност. Во интервју во август годинава истакна дека пирсинзите и необичниот стил ѝ помагаат да се чувствува како вистинската верзија од себе.

Ким Кардашијан и Канје Вест, покрај Норт, имаат уште три деца: Сејнт, Чикаго и Псалм. Иако нивната ќерка веќе експериментира со изгледот и музиката, нејзината мајка во повеќе наврати истакнувала дека Норт е самоуверена и дека не дозволува туѓите коментари лесно да ја поколебаат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖