Background

ОСАМЕНА ЗАД ЅИДИНИТЕ НА ПАЛАТАТА, ДИЈАНА ТАЈНО ИЗЛЕГУВАЛА НОЌЕ

Принцезата Дијана наводно тајно ја напуштала палатата Кенсингтон во текот на ноќта и сама со автомобил се движела низ Лондон, за да им дава пари на сексуалните работнички и да проверува како живеат бездомниците. Ова го тврди Дики Арбитер, поранешен портпарол на британското кралско семејство.

Арбитер (86), кој 12 години работел како портпарол на кралското семејство, ги изнесе овие тврдења во интервју за емисијата „Palace Confidential“ на британскиот весник „Daily Mail“. Повод за разговорот е објавувањето на неговата книга „На должност со кралското семејство: приказна одвнатре за современата монархија“.

Тој раскажал дека Дијана се чувствувала многу осамено зад ѕидините на палатата Кенсингтон и дека понекогаш успевала да го избегне својот телохранител за да замине во тајни ноќни обиколки низ градот.

- Advertisement -
Ad image

– Имаше само телефон преку кој можеше да им се јавува на пријателите. Нејзините пријатели не беа расположени да минуваат низ сите безбедносни процедури за да ја посетат – изјавил Арбитер.

Според него, принцезата во текот на денот организирала ручеци, но не и вечери, па често барала начин да го исполни слободното време.

Арбитер тврди дека Дијана понекогаш му кажувала на својот телохранител дека не планира да излегува и дека може да ја искористи вечерта за одмор. Сепак, по неговите зборови, таа потоа сепак излегувала и се возела со автомобил низ лондонската населба Падингтон.

– Не излегуваше само за да им дава пари на сексуалните работнички, туку се возеше и за да види како се снаоѓаат бездомниците – навел Арбитер.

Тој додал дека Дијана чувствувала потреба да им помага на луѓето, но дека на ваквите ноќни излегувања ја поттикнувале и осаменоста и досадата.

Во истото интервју, Арбитер ја критикувал и новата книга на грофот Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дијана, насловена „Лебедова песна: Дијана, мојата сестра“. Тој ја оценил како здодевна, со многу лични впечатоци, но малку фактичка прецизност.

Во книгата Спенсер изнел повеќе тврдења за настаните по смртта на неговата сестра, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година. Меѓу другото, тој наведува дека кралот Чарлс III делувал необично возбудено за време на телефонскиот разговор со него по смртта на Дијана.

Бакингемската палата одговорила на овие тврдења со ретко јавно соопштение, во кое посочила дека тагата може да влијае врз расудувањето и сеќавањата.

Арбитер го отфрлил описот на кралот Чарлс што го дал Спенсер, нагласувајќи дека не го препознава човекот со кого блиску соработувал по смртта на принцезата во таквата претстава.

– Го видов кога пристигна со авион, неколку часа по нејзината смрт. Мислам дека никогаш не сум го видел толку потресен, освен по смртта на неговиот вујко, лордот Маунтбатен – изјавил Арбитер.

Тој додал дека Чарлс тогаш бил целосно скршен од болка и ги отфрлил како измислени тврдењата дека кралот се однесувал како човек што добил на лотарија.

На крајот, Арбитер оценил дека принцезата Дијана, која почина пред речиси 30 години, треба да биде оставена да почива во мир, наместо постојано да се повторуваат тврдења за нејзиниот живот и смрт.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖