Background

ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ВИЛИ ВО СВЕТОТ СТАНА СОБИРАЛИШТЕ ЗА ДРОГА И СЕКС

Куќата поврзана со озлогласениот колумбиски наркобос Пабло Ескобар почна да се урива во Меделин, откако со години била напуштена и станала проблем за безбедноста во населбата. Според градските власти, објектот се користел за консумирање дрога, сексуални средби и наводни сатанистички ритуали.

Имотот се наоѓа во Ел Дијаманте, во елитната населба Ел Побладо, на парцела од околу 1.850 квадратни метри. Во 1979 година го купила сопругата на Ескобар, Викторија Еухенија Енао, во периодот кога тој го градел своето криминално царство. Неговото богатство се проценувало на околу 30 милијарди долари, а неговиот картел во еден период снабдувал голем дел од светскиот пазар со кокаин.

Куќата со години била запуштена. При проверките биле пронајдени графити, предмети што укажувале на окултни активности, траги од употреба на дрога и купишта отпад. Сосетката Лина Марија Ечевери изјавила дека таму редовно се собирале групи луѓе за сексуални средби, ритуали и консумирање дрога. Озлогласената историја на објектот привлекувала и странци во рамките на таканаречените нарко-тури.

Градските власти порачале дека Меделин не сака да продолжи да ги велича криминалците ниту да го промовира нарко-туризмот. Според нив, уривањето е дел од напорите да се отстранат местата што ја претвораат криминалната историја во туристичка атракција и им создаваат проблеми на жителите.

- Advertisement -
Ad image

Имотот бил предмет на правни постапки со години. Во 2004 година бил блокиран, во 2018 година бил предаден на државниот фонд за одземен имот стекнат со криминал, а во 2020 година судот донел конечна одлука за негово одземање. Пред почетокот на уривањето, надлежните служби ја провериле состојбата на објектот и дале одобрение за рушење.

 

Ова не е прв објект поврзан со Ескобар што е отстранет од градот. Во 2019 година беше урната и зградата „Монако“, осумкатницата во која во осумдесеттите живеело неговото семејство. Тогашното уривање беше дел од поширок обид да се промени начинот на кој Меделин ја претставува својата крвава нарко-историја и да се стави акцент на жртвите на насилството.

Пабло Ескобар, еден од најозлогласените наркобосови во светот, беше убиен во Меделин во декември 1993 година, во операција на колумбиските безбедносни сили, со поддршка од САД.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖