47 годишен скопјанец е осомничен дека во период од пет години присвоил 6.803.900 денари од надоместоци што се наплаќале при регистрација на возила, а потоа се обидел да го прикрие потеклото на парите преку трансакции меѓу повеќе фирми. За случајот е поднесена кривична пријава и против правно лице од Скопје.
Според МВР, осомничениот, во својство на овластено лице во фирма што имала дозвола за вршење технички прегледи на возила, од 1 јануари 2021 до 20 јануари 2026 година наводно изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатените надоместоци при регистрација.
Извештаите биле доставувани до Јавното претпријатие за државни патишта, Црвениот крст, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за животна средина и општините.
Според пријавата, во изготвувањето и фалсификувањето на податоците учествувало и лицето С.С. Двајцата, како овластени лица за изготвување и потпишување фактури и доставување извештаи до надлежните институции, наводно ги прикривале парите наплатени од граѓаните преку две фирми и едно осигурително-брокерско друштво од Скопје.
Парите потоа биле префрлани од една на друга сметка и мешани со приходи од редовното работење на фирмите. За прикривање на потеклото на средствата, според МВР, биле користени различни трансакции, меѓу кои позајмици, договори за заедничка изградба на недвижности, купопродажба на недвижен имот и возила, како и преноси на средства.
Дел од парите, според наводите во кривичната пријава, биле наменети за купување недвижен и подвижен имот во корист на пријавеното правно лице.
Кривичната пријава против 47-годишниот скопјанец е поднесена вчера до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за проневера во службата и перење пари и други приноси од казниво дело. Против фирмата е поднесена пријава за перење пари и други приноси од казниво дело.
Според МВР, со пријавените дејствија била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 6.803.900 денари.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
