Последните години од животот на некогашната српска манекенка Слаѓана Тесла која неодамна беше пронајдена мртва во својот стан во Нов Белград, биле обележани со сериозни здравствени проблеми и лични загуби. Нејзините долгогодишни соработници откриваат дека таа со години се борела со последиците од тешкиот мозочен удар што го преживеала пред десетина години.
Кога првпат се случил здравствениот проблем, таа била пронајдена без свест во истиот стан, но тогаш брзата реакција на лекарите ѝ го спасила животот.
– Слаѓана пред десетина години доживеа тежок мозочен удар, кој едвај го преживеа, а потоа долго се бореше со последиците. Кога се случи тоа, ја пронајдоа без свест во истиот стан, но благодарение на брзата реакција на лекарите беше спречена трагедија – раскажал изворот за српските медиуми. Иако во деведесеттите години беше едно од препознатливите лица на модната сцена, со текот на времето сè помалку се појавуваше во јавноста.
Ненад Радујевиќ, основачот на модното студио „Клик“, во кое Слаѓана со години работела како манекенка и букер, открил дека таа имала тешка болест поради која морала да се повлече од професионалниот живот. Според неговите зборови, смртта на родителите дополнително ѝ го отежнала животот.
– За жал, имаше тешка болест поради која мораше да се повлече. Живееше многу тешко по смртта на нејзините родители и минуваше низ навистина мрачни денови. Се обидувавме да ѝ помогнеме колку што можевме – раскажал Радујевиќ.
За нејзината психичка состојба во последните години зборувала и Весна де Винча, која соработувала со неа. Таа се присетила дека пред две години, кога разговарале, забележала дека Слаѓана не е добро. Во еден период манекенката размислувала и за заминување во манастир, надевајќи се дека таму ќе најде духовна сила и излез од тешкотиите.
– Слаѓана беше ангел, а ангелите тешко ги издржуваат овие времиња. Пред две години, кога се слушнавме, гледав дека психички не е добро. Со моите соработници дури разговараше и за можноста да замине во манастир за да се зајакне и да пронајде излез – изјавила де Винча.
Слаѓана, која имаше 53 години, живеела сама. Според информациите што ги објавија српските медиуми, соседите не ја виделе неколку дена, а откако од станот почнал да се шири непријатен мирис, го известиле управителот на зградата, кој повикал полиција. Нејзиниот помлад брат, според медиумските извештаи, ја отворил вратата и го затекнал нејзиното безживотно тело.
Телото било испратено на обдукција за да се утврдат точната причина и времето на смртта.
Манекенската кариера на Слаѓана започнала во 1991 година, кога ја забележал модниот креатор Ненад Радујевиќ. Во текот на деведесеттите и во следните години работела со познати домашни и странски дизајнери, а по повлекувањето од манекенството останала во модниот свет како кореографка, кастинг-директорка и организаторка на настани. Јавноста ја памети и по нејзината гордост поради роднинската врска со славниот научник Никола Тесла.
Tagged as:
водела тешка животна борба Српската манекенка која беше најдена мртва во станот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
