Background

Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат легално ја преминале македонско-бугарската граница

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат легално ја преминале македонско-бугарската граница. Тој ги нарече „апсолутна лага“ информациите објавени во бугарските медиуми и порача дека и Михаилова и нејзиниот татко, кога-тогаш, ќе одговараат пред македонските институции.

– Апсолутно е невистина тоа што го емитуваа бугарските медиуми, односно го пласираа во јавноста, дека заедно со нејзиниот адвокат поминале на регуларен граничен премин и дека таму биле поздравени, дека им се салутирало и така натаму. Тоа претставува лага – изјави Мицкоски на прес-конференција на премиерот Мицкоски и претставници на компанијата „Кромберг и Шуберт“.

Премиерот откри и нов детал за движењето на адвокатот, повикувајќи се на евиденцијата на граничните служби.

- Advertisement -
Ad image

– Последен пат, откако имаме евидентирано, а е потврдено и од бугарската страна, адвокатот влегол на 28 септември, а не е точно тоа што тој го тврдеше – рече Мицкоски.

Според премиерот, Михаилова била пренесена во Бугарија надвор од законските процедури, а полицијата веќе работи на утврдување на околностите.

– Можам да потврдам дека на нелегален начин е пренесена во Бугарија. Министерството за внатрешни работи истражува и ќе дојдеме до сознание на кој начин е однесена – нагласи тој.

Мицкоски упати критики и до бугарското политичко раководство, оценувајќи дека случајот се користи за политички притисок.

– Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата што самата си ја прави на меѓународен план. Тоа е нивна одлука. Тие избрале ваква политика – изјави премиерот.

Одговарајќи на обвинувањата на опозицијата дека заминувањето на Михаилова во Бугарија било однапред договорено, Мицкоски рече дека таквите тврдења се неосновани.

Можеби ќе ве интересира
📽️ „СЛАВНИОТ ДРИФТАЧ“ ОД ШТИП ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА…

Плусинфо 15/10/2026
АНАЛИЗА • БУГАРИЈА МОЖЕ ДА ОДБИЕ ЕКСТРАДИЦИЈА, НО…

Плусинфо 15/10/2026
– Намерата е да се создаде политичка тема за која претпоставиле дека ќе влијае на рејтингот на владејачката коалиција, односно на ВМРО-ДПМНЕ, и на тој начин ќе обезбедат одредена корист за опозицијата – рече тој.

Премиерот ја повика бугарската страна да ги врати Михаилова и нејзиниот татко во Македонија.

– Ако е тоа така договорено, ние ги бараме назад и неа и нејзиниот родител. Уште денеска нека ги донесат и да видиме дали е така договорено или не – изјави Мицкоски.

На прашањето дали Бугарија би можела да ја екстрадира Михаилова, имајќи ја предвид уставната заштита на бугарските државјани, премиерот не даде конкретна правна процена.

Наместо тоа, испрати категорична порака дека македонските институции нема да се откажат од случајот.

– Ве гледам во очи и ви кажувам: кога-тогаш. И татко ѝ и таа ќе одговараат. Кога-тогаш – порача Мицкоски.

Ива Михајлова е обвинета во предмет за сообраќајна несреќа со смртни последици. Нејзината кривична одговорност треба да биде утврдена во судска постапка.

Ива Михаилова, која има македонско и бугарско државјанство, е обвинета во Македонија за сообраќајна несреќа со смртни последици. По нејзиното бегство во Бугарија, Основниот суд во Кочани на 13 октомври издаде наредба за нејзино апсење, а македонските власти распишаа централна и меѓународна потерница.

Преку Интерпол–Скопје било побарано нејзино апсење и екстрадиција.

Бугарското Министерство за внатрешни работи го потврди приемот на барањето, но соопшти дека нема да презема мерки за нејзино лоцирање, повикувајќи се на можноста да одбие екстрадиција на сопствен државјанин.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖