Директна авионска линија меѓу Скопје и Дубаи ќе биде воспоставена во март 2027 година, со три лета неделно. Договореното го потврди министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по средбата со главниот комерцијален директор на авиокомпанијата „Флајдубаи“, Хамад Обаидала, во Обединетите Арапски Емирати.
„На средбата беше официјално потврдено дека од март Флајдубаи ќе воспостави директна авионска линија Дубаи–Скопје, со три лета неделно“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Разговорите биле посветени и на економските придобивки од новата авиолинија, особено на можностите за зголемување на трговската размена, привлекување инвестиции и развој на туризмот.
Муцунски оценил дека директното поврзување со Дубаи е „конкретен резултат од активната економска дипломатија и заложбите за подобра меѓународна поврзаност“.
Министерството ја истакнува и улогата на македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати, која со „посветена и континуирана работа во изминатиот период“ придонела за воспоставувањето на линијата.
Tagged as:
Муцунски ја потврди новата линија по средбата со „Флајдубаи“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
