Background

СЕ ОТВОРААТ ПРВИТЕ ДЕЛНИЦИ ОД НОВАТА ОБИКОЛНИЦА КАЈ СОЛУН

Првите завршени делници од новата обиколница кај Солун наскоро ќе бидат пуштени во сообраќај, што треба да донесе барем делумно олеснување за возачите кои секојдневно се соочуваат со големи метежи.

Добрата вест се однесува и на македонските граѓани кои патуваат кон Солун, Халкидики и другите туристички дестинации во Грција.

Постепеното отворање на завршените делници од проектот „Флајовер“ беше најавено на состанокот на Координативниот совет за Солун, објави грчкиот портал „Тhеstuval“, повикувајќи се на информациите од градежниот конзорциум.

- Advertisement -
Ad image

Прва за сообраќај ќе биде отворена делницата од болницата „Папагеоргиу“ до угорницата кон населбата Неаполис, во правец од запад кон исток.

Станува збор за дел од постојната обиколница на кој се завршени градежните работи поврзани со изградбата на новиот надземен пат. Делницата ќе биде пуштена во употреба заедно со новото осветлување.

Градежниот конзорциум најавил дека постепеното отворање ќе започне во наредните денови, но засега нема прецизен датум кога возачите ќе можат да ја користат првата делница.

Според последните информации, изградбата на „Флајовер“ е завршена повеќе од 60 проценти. На почетокот на септември реализацијата достигнала 62 проценти, а работите продолжуваат на повеќе локации истовремено.

Целосното завршување на проектот е планирано за мај 2027 година.

Новиот надземен пат треба значително да го зголеми капацитетот на солунската обиколница, која со години е едно од најоптоварените сообраќајни места во северна Грција.

Проектот опфаќа околу 13 километри патна инфраструктура, вклучувајќи надземна брза сообраќајница, девет клучки, осум мостови и три тунели.

Самата надземна брза сообраќајница, заедно со пристапните делови, ќе биде долга околу 7,6 километри, а нејзиниот главен мост ќе се протега на приближно четири километри.

За македонските возачи, особено за оние што патуваат кон Халкидики, постепеното отворање на делниците би можело да значи помалку задржувања на обиколницата.

Сепак, тоа не значи дека сообраќајните гужви веднаш ќе исчезнат. Градежните активности продолжуваат, а на одредени места и понатаму ќе важат привремени сообраќајни ограничувања.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖