Background

Владата побара од собранието да ја продолжи кризната состојба поради можност од настанување нарушување во снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на државата до 20 април следната година

Владата побара од собранието да ја продолжи кризната состојба поради можност од настанување нарушување во снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на државата до 20 април следната година.

Предлогот во кој се бара продолжување на кризната состојба уште шест месеци денеска го разгледа собраниската Комисија за одбрана и безбедност и го проследи за натамошна постапка во Собранието.

Предлог-одлуката ја образложи министерот за одбрана Владо Мисајловски.

- Advertisement -
Ad image

– Се работи за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност за настанување нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на целата територија. Фактички, со оваа одлука се продолжува рокот до 20 април 2027 година – појасни министерот.

Кризната состојба за снабдување со нафта и нафтени деривати беше првпат донесена и стапи во сила на 21 април 2026 година (со одлука на Собранието од 16 април 2026 година) и беше два пати продолжена по три месеци и тоа до 20 јули и до 20 октомври. Сега се бара нејзино продолжување за шест месеци.

Според закон владата може да прогласи кризна состојба во траење од еден месец, а за подолго траење треба да одлучи Собранието.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖