Во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопат во Словенија загинаа две лица, а четири други се повредени, меѓу кои и едно дете кое е во животна опасност.
Како што соопшти Полициската управа, несреќата се случила околу 1 часот по полноќ на автопатот Љубљана – Марибор, кај одморалиштето Луковица.
Според првичните информации од полицијата, 28-годишен странски државјанин, кој управувал автомобил со романски регистарски таблички, откако го поминал излезот од одморалиштето Луковица, застанал на десната лента на автопатот и потоа почнал да се движи наназад.
Во тој момент, во неговиот автомобил удрило комбе што доаѓало одзади.
Во судирот загинале двајца романски државјани, кои седеле на задните седишта од автомобилот. Повредено е и едно дете од автомобилот, кое е француски државјанин.
Возачот на автомобилот и неговиот сопатник на предното седишта минале со полесно повреди, иато како и словенечкиот возач на комбето.
Пожарникари ги извлекувале жртвите од уништениот автомобил
Пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата морале да користат специјална опрема за да извлечат две лица кои биле заробени во уништениот автомобил.
Екипите на брза помош им пружиле помош на четири повредени лица и ги превезле во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.
Поради несреќата и интервенцијата на службите за итни случаи, автопатот во правец на Марибор беше привремено затворен.
Полицијата ја продолжува истрагата поради сомнеж за кривично дело.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
