Актерот Ар Џеј Мити, познат по улогата на Волтер Вајт Џуниор во култната серија „Брејкинг бед“, во последните години од животот се соочувал со сериозни финансиски тешкотии и разочарувања во кариерата. Според извори цитирани од „Дејли мејл“, тој бил загрижен за својата финансиска состојба и сметал дека неговата свршеница Кенеди Суарез заслужува партнер што може да ѝ понуди повеќе.
Во интервју објавено на 5 октомври, Мити зборувал за тешкотијата да го надмине успехот на серијата што го прослави. Признал дека му било непријатно повторно да ја гледа, бидејќи постојано ги забележувал сопствените грешки во глумата и долго размислувал за нив.
– Сакам да го надминам успехот на ‘Брејкинг бед’ – изјавил актерот, откривајќи дека уште како млад си поставил високи очекувања. По огромниот успех на серијата, секој следен професионален чекор му изгледал како уште поголем предизвик.
Според извори блиски до актерот, финансиските проблеми сериозно влијаеле врз неговата самодоверба, особено додека ја планирал венчавката со Кенеди Суарез. Мити наводно се грижел дали ќе може да си дозволи свадба каква што посакувал.
– Тој имаше сериозни финансиски проблеми и се мачеше да собере пари за убава венчавка со свршеницата, што многу го погодуваше – изјавил извор за британскиот таблоид.
Проблемите, според написот, започнале уште кога бил тинејџер. На 17 или 18 години ангажирал деловен менаџер кој требало да се грижи за неговите приходи и даночните обврски. Мити претходно изјавил дека од „Брејкинг бед“ заработил меѓу три и пет милиони долари.
Според наводите во написот, менаџерот наводно ги задржал парите наместо да ги уплати даноците и му доставувал фалсификувани даночни документи. Подоцна, актерот се соочил со голем даночен долг, чие отплаќање му одзело речиси десет години. Овие тврдења се пренесени преку извори цитирани од „Дејли мејл“.
По завршувањето на серијата во 2013 година, Мити потешко наоѓал улоги што би можеле да се споредат со онаа што го направи познат. Дополнително бил разочаран од филмската индустрија и од ограничените можности за актерите со попреченост.
Мити има церебрална парализа, а во „Брејкинг бед“ го играше синот на Волтер Вајт, ликот на Брајан Кренстон. Актерот се залагаше за поголема застапеност на лицата со попреченост на филмот и телевизијата и не сакаше неговите можности да бидат ограничени само поради неговата состојба.
Неговата врска со Кенеди Суарез била една од важните точки во неговиот живот. Тој ја побарал за жена во октомври 2025 година, а подоцна ѝ посветил емотивна објава за нејзиниот 30-ти роденден, заблагодарувајќи ѝ се што го прави подобар човек. Сепак, според изворите, додека ја планирале венчавката, Мити се сомневал во себе и сметал дека таа заслужува „некој подобар“.
Според написот, актерот повремено посетувал психотерапевт, но и понатаму се соочувал со лични тешкотии. Мити почина на 34-годишна возраст, на 12 октомври, во Браунсвил, Тексас. Покрај улогата во „Брејкинг бед“, ќе остане запаметен и по ангажманот за поголема видливост и еднакви можности за лицата со попреченост во забавната индустрија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
