Background

МИСЛЕЛЕ ДЕКА Е МРТВА, А ТАА ОДЕДНАШ СЕДНАЛА ВО КОВЧЕГОТ

Петнаесетгодишна девојка во Гватемала, за која се верувало дека починала, ги шокирала семејството и пријателите кога се разбудила во ковчегот на сопствениот погреб. Снимката од неверојатниот момент стана вирална на социјалните мрежи, а за несекојдневниот настан пишува „New York Post“.

Сè започнало минатата сабота наутро, кога тинејџерката Јулејди Искотојак ја изгубила свеста додека нејзиниот татко Абрахам ја возел кон медицински центар. Таткото, кој инаку е евангелистички свештеник, го запрел автомобилот и проверил дали ќерка му има пулс и дали дише. Бидејќи не забележал знаци на живот, на самото место ја прогласил за мртва.

– Едноставно престана да постои, почина на патот, изјавил  – Искотојак за локалните медиуми.

- Advertisement -
Ad image

– Видов дека повеќе не дише и не можев да ѝ го напипам пулсот на зглобовите. Ситуацијата беше многу тешка за мене. Не стигна до болницата – раскажал таткото.

Смртта никогаш не била официјално потврдена од лекар, ниту била издадена смртовница. Следејќи го локалниот обичај за брзо погребување, семејството веднаш купило ковчег. Погребот бил организиран во семејниот дом во руралното село Ел Хокоте, само осум часа откако девојката се онесвестила.

На снимката од испраќањето се гледаат луѓе собрани околу дрвениот ковчег. Мајката на Јулејди, Лесвија Риос, се наведнала над него и забележала дека нејзината ќерка се движи.

 

 

– Постојано повторував дека е жива, дека не е мртва – изјавила мајката.

– Додека плачев над нејзиниот ковчег, го отворивме малото прозорче и таа се движеше. Почнуваше да се буди и одеднаш седна – раскажала таа.

На запрепастување на присутните, тинејџерката се исправила во ковчегот и почнала да зборува. Членовите на семејството ѝ помогнале да излезе и ѝ дале чаша вода. Тагата набргу се претворила во славење, проследено со извици „алелуја“.

Јулејди се присетила на моментите пред да ја изгуби свеста.

– Срцето почна силно да ме боли, чувствував тежина, а потоа ми се стемни пред очите, како да се онесвестив – раскажала таа.

Петнаесетгодишната девојка сега закрепнува во својот дом, свесна е и порачува дека „му благодари на Бога“ што е жива.

Снимката од настанот се прошири на социјалните мрежи и предизвика стотици коментари. Додека многумина зборуваат за „чудо“, други изразуваат загриженост дека девојката веројатно доживеала траума.

Некои корисници се обиделе да се пошегуваат со целата ситуација.

– Потсетник за во иднина, не се онесвестувајте во Гватемала – напишал еден корисник.

Други биле изненадени од брзината со која бил организиран погребот.

– Колку брзо успеале да ја стават во ковчег? – коментирал еден корисник.

Се појавиле и коментари како: „Ете зошто сакам кремирање, за секој случај да не се разбудам под земја“ и „Моментот кога ирационалните стравови веќе не се ирационални“.

Здравствените власти во Гватемала засега не го коментирале инцидентот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖