Марк Закерберг повторно стана предмет на потсмев на интернет, овојпат поради начинот на кој пие пиво во видео од подкастот „Cheeky Pint“, во кој основачот на „Фејсбук“ гостувал заедно со Александер Ванг, директорот за вештачка интелигенција во „Мета“.
Во емисијата, чиј водител е Џон Колисон, коосновачот на компанијата „Страјп“, гостите разговараат за плановите на „Мета“ во областа на вештачката интелигенција. Но, дел од снимката со чашите „Гинис“ брзо го засени разговорот за технологијата.
Во видеото, Закерберг зема голтка од темното ирско пиво, по што прави гримаса и благо се повлекува, оставајќи впечаток дека вкусот воопшто не му се допаѓа. Корисниците на социјалните мрежи почнаа да ги коментираат неговите стиснати усни, вкочанети движења и реакцијата по голтката.
Еден од коментарите што се проширија на интернет ја исмева ситуацијата со забелешката дека е неверојатно како некој може да вреди милијарди долари, а сепак да чувствува потреба да крие дека нешто не му се допаѓа. Други повторно ја оживеаја старата интернет-шега дека Закерберг изгледа како робот што механички се обидува да се однесува како човек.
Според набљудувањата поврзани со подкастот, Закерберг испил околу 800 милилитри пиво, Ванг околу 450 милилитри, додека Илон Маск, кој претходно гостувал во подкастот, наводно испил околу 1,7 литри.
Иако разговорот бил посветен на сериозни теми, меѓу кои развојот на вештачката интелигенција и идните планови на „Мета“, токму краткиот момент со пивото стана вирален.
Tagged as:
Марк Закерберг стана мета на потсмев поради начинот на кој пие Гинис
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
