Background

ИЗРАЕЛ СЕ ПОНУДИ ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ ХУТИТЕ ВО ЈЕМЕН

Израел побрал од Саудиска Арабија да се вклучи во борбата против Хутите во Јемен, но саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман ја одбил понудената помош, во страв од негативни реакции на домашната јавност – објави израелскиот весник Хаарец, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според извор цитиран од Хаарец, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху понудил помош – преку САД – во борбата против групата поддржана од Иран, делумно за да ги зајакне врските со Кралството. Бин Салман се спротивставил на идејата, стравувајќи од негативна реакција на саудиската јавност.

Американскиот претседател Доналд Трамп и Нетанјаху долго време ја промовираа нормализацијата на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија, по договорите од 2020 година во кои беа вклучени ОАЕ, Бахреин и Мароко. Сепак, избувнувањето на војната во Газа во октомври 2023 година, се чини, ги попречи тие планови.

- Advertisement -
Ad image

Според Хаарец, Израел го гледа конфликтот меѓу Хутите и јеменската влада, поддржана од Саудиска Арабија, како можност за обновување на тие врски.

Во меѓувреме, Иран ја повика Саудиска Арабија да избегне воен пристап и да бара политичко решение за конфликтот, нудејќи помош во олеснувањето на дијалогот по смртоносните напади врз саудиските аеродроми.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи ја упати понудата во неделата за време на телефонски разговор со својот саудиски колега, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд, според изјавите пренесени од саудиската државна новинска агенција и иранските медиуми.

– Инсистирањето на воен пристап и занемарувањето на политичкото решение само дополнително ќе ја искомплицира ситуацијата – рече Аракчи, додавајќи дека регионалните кризи немаат воено решение и дека Техеран е подготвен да помогне во дијалогот меѓу Саудиска Арабија и Јемен, како и во постигнувањето политичко решение.

Дванаесет лица загинаа, а 309 беа повредени во напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад во саботата, според Саудиската генерална управа за цивилно воздухопловство. Бројот на загинати подоцна се искачи на 13 откако почина еден повреден индиски државјанин, објави Ројтерс.

По нападот, Нетанјаху во објава на „Икс“ го осуди нападот, нарекувајќи го „ужасен терористички акт“ и во име на израелскиот народ изрази сочувство до семејствата на загинатите и посака закрепнување на повредените.

Хутите во вторникот објавија дека собориле саудиско извидувачко-борбено беспилотно летало Wing Loong II во провинцијата Саада, во северниот дел на Јемен. Нивниот воен портпарол, Јахја Сари, изјави дека леталото извршувало „непријателски мисии“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖