Аеродромот во германскиот град Нирнберг денеска беше привремено затворен поради полициска операција поврзана со пријавена вонредна состојба на лет. Патнички авион од грчкиот остров Крф слетал придружуван од борбени авиони „Еурофајтер“.
Инцидентот следува по ноќните пријави на тројца пилоти за можен дрон во близина на аеродромот.
Полицијата првично соопшти дека постојат сомневања за вонредна состојба за време на летот, но без официјална потврда.
Кратко потоа, властите објавија дека опасноста поминала.
„Проверките на терен покажаа дека нема опасност“, соопшти полицијата на социјалната мрежа Икс.
Станува збор за летот XR456 на авиокомпанијата „Корендон ерлајнс“. Авионот требало да пристигне во Нирнберг околу 12:15 часот.
Според податоците на „Флајтрадар24“, тој безбедно слетал во 12:16 часот.
И покрај слетувањето, аеродромот останал затворен, а полициската операција продолжила. Неколку авиони биле пренасочени кон Франкфурт, Меминген, Штутгарт и Минхен.
Според неофицијални информации, на аеродромот биле испратени и специјалните полициски сили СЕК.
Нирнбершкиот аеродром имал проблеми со воздушниот сообраќај и претходната ноќ. Тројца пилоти, независно еден од друг, пријавиле непознат летечки објект.
Пилотите го забележале објектот при полетување или слетување, меѓу 2 и 4 часот наутро. Полицијата се сомнева дека станувало збор за дрон.
Граничната полиција веднаш започнала потрага во координација со аеродромот „Албрехт Дирер“ и германската контрола на летање.
Во потрагата бил вклучен и полициски хеликоптер, но сомнителниот објект не бил пронајден.
Хрватски „Индекс“ објави и дека авионот кој летал од Крф пуштил сигнал за киднапирање, кодот 7500. Пилотот бил недостапен преку радио. НАТО веднаш наредил пресретнување, по што хрватски борбен авион „рафал“ го пресретнал леталото над Хрватска. Истражителите сега проверуваат дали безбедносната тревога била предизвикана од технички дефект.
Германската полиција потврдила дека пилотот не одговарал на радиоповиците по активирањето на кодот.
Наредбата за пресретнување ја издала Заедничката воздухопловна команда на НАТО во Торехон, Шпанија.
Хрватскиот „рафал“ го пресретнал малтешкиот „боинг“ во 11:02 часот над Кореница. Борбениот пилот визуелно го идентификувал авионот и успеал да воспостави радиоконтакт со екипажот.
Кратко потоа, во 11:20 часот, задачата за пратење на авионот ја презеле германските воени авиони „еурофајтери“.
За операцијата бил информиран и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
