Првите 30.000 вакцини против сезонски грип се пристигнати, а втората тура, односно 26.000 вакцини, треба да пристигне до 15 ноември. Во моментот ја организираме логистиката со центрите за јавно здравје и мое очекување е дека во овие стандардни термини ќе почне вакцинацијата во земјата, а тоа е од 16 до 25 октомври – изјави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.
Тој посочи дека ќе биде првиот што ќе се вакцинира за да го поттикне пријавувањето.
– Кај нас вакцинацијата ќе почне порано отколку кај некои од соседите, кои се многу поразвиени, зборувам не за првите соседи, туку за некои од соседите што ќе почнат со вакцинација во ноември. Мислам дека целата акција за вакцинација против сезонскиот грип ќе се одвива навремено и соодветно. Имаме 56.000 дози и работиме да постигнеме до 80.000 дози. Значи, ни беше важно да стигнат 30.000 вакцини и да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15 ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме ќе потрудиме да ги обезбедиме и остатокот до 80.000 вакцини – рече Клековски.
Појасни дека кога ќе почне вакцинацијата со првите 30.000 вакцини, предност ќе им биде дадена на ризичните групи според дијагноза во центрите за јавно здравје.
– Пријавувањето мора да биде во модулот во „Мој термин“ за да имаме увид за севкупната состојба – додаде Клековски.
Тој очекува многу бргу бесеже-вакцините да пристигнат во Македонија и појасни дека нема да има проблеми во врска со прекинот на вакцинацијата.
– Вакцините се набавуваат од централното депо на УНИЦЕФ, во тек е организација на логистиката, така што се завршува со деталите – додаде Клековски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
