Background

СДСМ: Народот виде што Муцунски договарал „под радар“ во Софија – пуштање на Михаилова

Ние денеска сериозно ќе инсистираме оваа тема да добие разрешница, затоа што скандалот што го видовме вчера е мегаскандал и нема да остане така како што сака ВМРО.
За нас, но и за сите граѓани, јасно е дека пуштањето на Ива Михајлова е договорена работа, или, да го цитирам Муцунски, дека тоа е договорено „под радарот“.
Народот сега виде што всушност договорил Муцунски во Софија и за што била средбата со неговата колешка од Бугарија.
Едно се зборува пред граѓаните, меѓутоа сосема друго се прави зад грбот на истите тие граѓани.
И сега сето тоа излезе на виделина.
Истиот тој Муцунски ја уверуваше јавноста дека, цитирам, судската постапка е работа на судството и дека извршната власт не се мешала во сето тоа.
Гледаме дека тоа е ноторна лага каква што ја слушаме од владејачката партија веќе две и пол години.
Тој тврдеше дека македонскиот здравствен систем може да обезбеди соодветна нега и дека присуството на бугарски лекари може да биде само во вид на некаква консултација. Сето тоа веќе паѓа во вода.
Ива Михаилова е пуштена да ја помине македонската граница и, всушност, да ѝ помогне на правдата да ѝ избега, иако е осомничена за сообраќајна несреќа со смртни последици.
Таа самата потврди дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците знаеле.
Таа слободно ја напуштила земјата, иако судот ѝ ги одзел и бугарскиот и македонскиот пасош.
Според податоците на МВР, тие тврдат дека нема евидентиран излез, што дополнително кажува дека сето ова договорен и монтиран случај.
Почитувани граѓани, овој скандал бара итно институционално итно расчистување, но и политичка одговорност.
Сега гледаме дека коњопојот на Мицкоски во Софија баш и не бил обичен коњопој.
Неговиот досегашен молк само потврдува дека ги штити сите оние што се вклучени во оваа афера.
Меѓутоа, институционална разрешница мора да има. Синџирот на постапување и синџирот на одговорност мора да излезат на виделина.
Панче Тошковски мора веднаш да си поднесе оставка, затоа што целата граница на нашата држава е под негова надлежност.
Целиот овој скандал и целиот овој случај не може да се сведат на повикување амбасадори на дипломатски разговори, ниту, пак, сега, дури допрва, да се најавуваат разни потерници.
Она на што ние инсистираме е да има одговорност за сите што се вклучени во оваа афера. Надлежните институции треба веднаш да ја поведат постапката за барање екстрадиција, согласно законските услови и меѓународните обврски. Нема оправдување за ова политичко одложување.
Михаилова мора да биде достапна за судската постапка, а институциите мора да постапат и да го обезбедат тоа.
Одговорност мора да има за сите за кои ќе се утврди дека договарале, дека давале незаконски наредби и инструкции, дека овозможиле заминување и дека ја пуштиле Михаилова.
Знаеме многу добро дека во владата на Мицкоски има огромен број функционери со бугарски пасоши. Знаеме дека истите тие функционери имаат фирми во Бугарија и затоа сето ова добива крајно сериозна смисла.
Ние, како партија, ќе инсистираме до крај не само на оставката, туку сите оние што се вклучени во оваа афера да излезат пред правдата, бидејќи оставката на Тошковски ќе биде некаква гаранција дека тој нема да влијае врз истрагата.
Судските одлуки во оваа држава мора да важат за сите. Граѓаните заслужуваат вистина. Македонија заслужува правда.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖