Согласно член 63 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на РСМ бр. 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25, 134/26 и 212/26), Правилникот за урбанистичко планирање (Сл.весник на РСМ 225/20, 219/21,104/22, 99/23, 07/25, 143/25, 241/25, 30/26 и 87/26), во системот е-урбанизам, постапки 2020 УП по член 63 под број 78300, во Општина Охрид започната е постапка за одобрување на изработка на Урбанистички проект со план на парцелација за промена на границите на соседни градежни парцели ГП 1.6 и ГП 1.7 со основна класа на намени А4-времен престој – хотели, на КП бр.2435/5 и др. катастарски парцели, во КО Коњско, во УПВНМ на дел од туристички локалитет Горица – Св.Стефан- Метропол – опфат 3, Охрид, општина Охрид, изработен од ДИПП “ПРО ИНГ 2026” дооел Гостивар.
Врз основа на член 63 став (11) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на РСМ бр. Сл.весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25 и 134/26), Општина Охрид објавува ЈАВНО ИЗЛАГАЊЕ на Проектната програма за изработка на Урбанистички проект со план на парцелација за промена на границите на соседни градежни парцели ГП 1.6 и ГП 1.7 со основна класа на намени А4-времен престој – хотели, на КП бр.2435/5 и др. катастарски парцели, во КО Коњско, во УПВНМ на дел од туристички локалитет Горица – Св.Стефан- Метропол – опфат 3, Охрид, општина Охрид, изработен од ДИПП “ПРО ИНГ 2026” дооел Гостивар, со тех.бр.03/26 од февруари 2026 година.
ЈАВНОТО ИЗЛАГАЊЕ на Проектната програма за изработка на Урбанистички проект со план на парцелација за промена на границите на соседни градежни парцели ГП 1.6 и ГП 1.7 со основна класа на намени А4-времен престој – хотели, на КП бр.2435/5 и др. катастарски парцели, во КО Коњско, во УПВНМ на дел од туристички локалитет Горица – Св.Стефан- Метропол – опфат 3, Охрид, општина Охрид, ќе се одржи во просториите на Големата сала на општината на ден 21.10.2026 год. во 12:00 часот.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Огласот за јавното излагање особено се однесува на:
Непосредни соседи на проектниот опфат на Урбанистички проект со план на парцелација за промена на границите на соседни градежни парцели ГП 1.6 и ГП 1.7 со основна класа на намени А4-времен престој – хотели, на КП бр.2435/5 и др. катастарски парцели, во КО Коњско, во УПВНМ на дел од туристички локалитет Горица – Св.Стефан- Метропол – опфат 3, Охрид, општина Охрид, кои се сопственици на делови од објект изграден на КП 2417/1 во КО Коњско согласно ИЛ 1382
Како сопственици на делови од објектот на КП 2417/1 во КО Коњско и непосредни соседи на проектниот опфат, а согласно член 63 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр. 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25 и 134/26), Ве известуваме дека се израборува Урбанистички проект со план на парцелација за промена на границите на соседни градежни парцели ГП 1.6 и ГП 1.7 со основна класа на намени А4-времен престој – хотели, на КП бр. 2435/5 и др.катастарски парцели, во КО Коњско, во УПВНМ на дел од туристички локалитет Горица – Св.Стефан- Метропол – опфат 3, Охрид, општина Охрид.
Со овој урбанистички проект делот од КП 2434/2 КО Коњско се иззема од ГП 1.6 и се припојува кон ГП 1.7. Исто така овој урбанистички проект делот од КП 2435/1 КО Коњско (изведени улици и пристапи), кој влегува во ГП 1.6 формирана со УПВНМ на дел од туристички локалитет Горица – Св.Стефан- Метропол – опфат 3, се иззема од градежната парцела ГП1.6 и се припојува кон новопроектирана улица “4” со УПВНМ. Согласно член 63 став (3) површината на градежната парцела ГП 1.6 се намалува, а со тоа сразмерно се намалува и површината за градење и вкупно развиената површина од страна на градежната парцела каде истата се намалува, а во согласност со другите урбанистички параметри и предвидените плански одредби за таа грдежна парцела согласно прописите по кои е донесен урбанистичкиот план.
Од објавување на огласот за јавно излагање до 21.10.2026 год. сопствениците на КП2417/1 во КО Коњско или нивен ополномоштен доколку имаат приговор во однос на горенаведеното истиот можат да го достават до Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
