Министерството за надворешни работи на Бугарија тврди дека не било однапред известено за потезите на Ива Михаилова, нејзиното семејство и нејзиниот адвокат, кои резултирале со нејзиното пристигнување во Бугарија, ниту, пак, учествувало во нивното организирање. Од Министерството соопштија дека адвокатот стапил во контакт со нив непосредно пред да даде јавна изјава.
– Ја разбираме загриженоста на семејството во врска со здравјето на Ива. Најважно сега е таа да ја добие потребната медицинска нега. Тимот на Универзитетската болница за итна медицинска помош „Н. И. Пирогов“ ќе ја процени нејзината состојба и ќе го одреди потребниот третман – велат од бугарското МНР.
Оттаму наведуваат дека Бугарија доследно ги поддржувала напорите Ива да го добие потребниот третман. Министерството најави дека и натаму ќе помага во врска со случајот, во рамките на своите надлежности.
Министерот за внатрешни работи, Иван Демерџиев, потврди дека Ива Михаилова е примена во болницата „Пирогов“.
– Ме известија дека се во „Пирогов“ – таа и нејзиниот адвокат. Ќе се преземат дејствија за нејзино сослушување, за да се утврди дали, кога, каде и како ја преминала границата, како и сите други околности. Ќе провериме и дали има потреба од обезбедување и, доколку има, тоа ќе биде одредено – изјави тој.
Случајот започна по тешката сообраќајна несреќа што се случи на 7 октомври 2025 година на патот меѓу Кочани и Штип. Во судирот загина едно лице, а неколкумина беа повредени, меѓу кои и Михаилова. Младата жена, која има бугарско и македонско државјанство, се здоби со тешки повреди на ’рбетот.
Во јули 2026 година, во Основниот суд во Кочани започна судскиот процес против Михаилова, која е обвинета за тешко кривично дело поврзано со безбедноста на сообраќајот на патиштата. По несреќата, ѝ биле одземени личните документи, со што ѝ било оневозможено да замине на лекување во Бугарија.
И покрај доставената медицинска документација за потребата од специјализирана интервенција, Основниот суд во Кочани одбил да ѝ дозволи да отпатува. На 20 август, Апелациониот суд во Штип ја потврдил одлуката.
Бугарското Министерство за надворешни работи тогаш реагирало со став дека при одбивањето не биле земени предвид во доволна мера сериозноста на нејзината здравствена состојба и фактот дека потребниот третман не може да ѝ биде обезбеден во Македонија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
