Background

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја повикува Европската комисија да побара од официјална Софија да престане со провокациите од највисоко политичко-државно ниво и да побара Ива Михајлова без одлагање да биде предадена на македонските правосудни органи

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја повикува Европската комисија да побара од официјална Софија да престане со провокациите од највисоко политичко-државно ниво и да побара Ива Михајлова без одлагање да биде предадена на македонските правосудни органи. Во спротивно, заради ваквите настани, понижувања, глумење жртви на непостоечка дискриминација од страна на политичките актери кај нашиот источен сосед, во Македонија расте внатрешниот притисок за отворање на прашањето за преиспитување на Договорот за добрососедски односи, сметаат од Платформата.

„Додека Македонија ја славеше 85 годишнината од Денот на антифашистичките востанија во Прилеп и Куманово, бугарска државјанка инволвирана во сообраќајка со смртен исход, со одземени пасоши, преминувајќи ја слободно границата, го погази наследството што ни го оставија нашите предци кои ги дадоа животите борејќи се за Македонија да биде држава, а не ‘хотел промаја’. Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е должна веднаш да одговори дали на средбата Муцунски-Чамова во Софија е договорено бегството на Ива Михајлова, кое во Македонија ќе биде иницијална каписла за предвремени парламентарни избори, после кои техничката Влада задолжена за нивното организирање ќе влезе во процес на уставни измени?“, се наведува во реакцијата на Платформата.

Оттаму побараа оставка од министрите за внатрешни, за надворешни работи и за правда.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖