Холивудскиот актер Даниел Крег (58), кој петпати го играше тајниот агент Џејмс Бонд, се впушти во нов деловен потфат. Тој стана сосопственик на пабот „Тhe Horseshoe“, стар околу 250 години, во лондонската населба Клеркенвел. Во купувањето учествувале и неколку негови пријатели и деловни партнери, меѓу кои се Ник Џонс, сопственик на брендот „Soho House“, Чарли Керол, основач на синџирот ресторани „Flat Iron“, и Џастин О’Ши, креативниот директор на брендот на пивото на Крег, „Bad Belze“.
Иако новите сопственици знаеле дека купуваат локал со богата историја, една необична приказна им била премолчена. Според легендата, подрумот го прогонува дух на некогашен џелат, а вработените и претходната сопственичка со години ги поврзувале необичните случувања во просторот со неговото присуство.
Полин Такер, досегашната сопственичка која заминува во пензија, признала дека пред продажбата не им раскажала на Крег и неговите партнери за приказните за духот. Дури по купувањето ги запознала со легендата за необичниот „станар“ во подрумот.
– Не го гледате. Го чувствувате – изјавила Такер.
Но, се чини дека приказната воопшто не го исплашила актерот. Напротив, Крег се пошегувал на сметка на духот, па дури и предложил начин на кој би можеле да го придобијат.
– Не знам што пие, но можеби ќе треба да му оставиме една пинта пиво долу и да му речеме: „Повели, Гилберт“ – изјавил актерот за британскиот весник „Тајмс“.
Угостителството не му е сосема непозната територија на Крег. Неговите родители, како и баба му и дедо му, некогаш воделе пабови во англиската грофовија Чешир, па голем дел од детството го поминал токму во такво опкружување.
– Пораснав во пабови. Знам какви подеми и падови носи таа работа. Ги познавам и нејзините добри и лоши страни – раскажал актерот.
Тој се присетил и на разговорите со редовните гости, кои биле дел од неговото секојдневие додека растел.
– Како дете одев да разговарам со локалните гости, особено за време на ручекот. Секогаш се зборуваше за тоа каков бил денот и што се случува. Пабот е место каде што луѓето доаѓаат да разговараат за најразлични работи, можеби и за своите проблеми – објаснил Крег.
Актерот веќе има планови за реновирање на историскиот локал, но не сака целосно да го промени неговиот карактер ниту да го претвори во модерен гастропаб.
Иако сега се испробува во угостителскиот бизнис, Крег не се откажува од филмската кариера. Во 2021 година се збогува со улогата на Џејмс Бонд, која ја толкуваше во пет филма, а потоа продолжи со нови проекти.
Меѓу нив е и претстојната филмска адаптација на „Хрониките од Нарнија“ во режија на Грета Гервиг, во која, според најавите, треба да го игра волшебникот.
Во меѓувреме, сè уште не е официјално потврдено кој ќе го наследи во улогата на агентот 007. Во медиумите се споменуваат неколку имиња, меѓу кои Калум Тарнер, Џек Лауден, Харис Дикинсон, Џек Бартон и Арон Тејлор-Џонсон.
Додека обожавателите чекаат да дознаат кој ќе го облече легендарното одело на Бонд, Крег очигледно ужива во новиот деловен предизвик. А ако легендата за духот е вистинита, во неговиот лондонски паб можеби ќе има уште еден редовен гостин.
Tagged as:
Даниел Крег доцна дознал за морничавата тајна на историскиот локал
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
