ГФК Охрид Лихнидос – Брера Струмица 2:2 (0:2)
Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос со храбра, борбена и ефикасна игра во второто полувреме стигнаа до голем бод во дерби-пресметката од 7. коло во Втората македонска фудбалска лига против Брера Струмица (Академија Пандев).
Уште во првата минута, по исклучувањето на Валентин Кочоски, охриѓани останаа со играч помалку и целиот натпревар го одиграа со десетмина. Гостите од Струмица ја искористија бројчаната предност и на полувреме заминаа со водство од 2:0.
Во животот нема второ полувреме, во фудбалот има. Кога малкумина веруваа дека пресврт е можен, домаќините возвратија со два гола. Главен виновник беше Давор Росиќ, кој ја декласира одбраната на Брера и со две одлични асистенции им ги подготви головите на Матески и Бакрачевски за 2:2. Росиќ одигра маестрален натпревар и го смени текот на целата утакмица.
Пред крајот, Росиќ беше фаулиран при влез во казнениот простор на Брера, но судијата не досуди пенал. И покрај тоа што речиси целиот натпревар го одиграа со играч помалку, охриѓани во финишот имаа можност да стигнат и до целосен плен.
На крајот, бројната публика со аплауз ги испрати своите миленици, наградувајќи ја нивната пожртвуваност, борбеност и прикажаната игра. Академија Пандев доби лекција од „академикот“ Росиќ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
