Background

ТРАМП ИЗБРА НОВА ПОРТПАРОЛКА НА БЕЛАТА КУЌА Кејти Закарија доаѓа на местото на Каролин Ливит

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ја назначил Кејти Закарија за нова портпаролка на Белата куќа, на местото на Каролин Ливит, која ја напушти функцијата во август.

– За мене е огромна чест да ја назначам Кејти Закарија за портпаролка на Белата куќа – напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл (Truth Social), изразувајќи уверување дека таа ќе „постигне одлични резултати за земјата“.

Закарија претходно накратко работела како портпаролка на Министерството за внатрешна безбедност, а во моментов е виш советник за комуникации во компанијата на Трамп, која управува со платформата Трут соушл. Според Трамп, таа работела и како коментаторка за конзервативните телевизиски мрежи „Фокс њуз“ и „Њузмакс“.

- Advertisement -
Ad image

Трамп ја пофали Закарија како лојална поддржувачка, која учествувала во неговите предизборни кампањи, вклучително и во клучните сојузни држави во кои изборната трка е неизвесна.

– Таа има беспрекорна историја на поддршка и уште од самиот почеток е лојална и брилијантна соработничка – напиша тој.

Трамп ѝ се заблагодари и на Каролин Ливит, оценувајќи дека таа е „одлична“ и дека завршила „фантастична работа“ како портпаролка.

Ливит ја напушти Белата куќа на крајот на август, откако Трамп околу две недели претходно неочекувано го објави нејзиното повлекување. Таа ја извршуваше функцијата од почетокот на вториот претседателски мандат на Трамп и на 27-годишна возраст стана најмладата портпаролка на Белата куќа во историјата на САД.

Трамп изјави дека Ливит одлучила да се повлече за да поминува повеќе време со семејството. Самата таа претходно соопшти дека ѝ било тешко да ги усогласи работните обврски со грижата за своите две мали деца.

За време на мандатот, Ливит стана позната по острите судири со новинарите. Често ги критикуваше репортерите и ги обвинуваше медиумските организации за ширење неточни информации.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖