Апелацискиот суд на 10 декември ќе одржи јавна седница за предметот со автобуската несреќа на „Дурмо турс“ кај Ласкарци, откако Врховниот суд минатиот месец ја укина пресудата на Апелација и го врати предметот на повторно одлучување во овој суд.
За автобуската несреќа кај Ласкарци, во која на 13 февруари 2019 година загинаа 16 лица, а десетици беа повредени, Основниот кривичен суд Скопје во првостепената пресуда ги осуди сите шестмина обвинети. Возачот на автобусот Маноил Трифуновски беше осуден на 14 години затвор, сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули на 4 години, а одговорниот за транспорт во компанијата Ремзи Мифтари на 6 години затвор. Вработените во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боваровски беа осудени на по 5 години затвор.
Обвинителството се жалеше на висината на казните за четворица од обвинетите, сметајќи дека санкциите не биле соодветни на тежината на последиците и степенот на нивната одговорност. Апелациониот суд Скопје во мај 2025 година ја прифати жалбата и ги зголеми казните за четворица обвинети. Дурмиш Белули, наместо првично изречените 4 години, доби 10 години затвор, а Ремзи Мифтари од 6 беше осуден на 10 години. На вработените во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски казните им беа зголемени на по 7 години затвор. Казната за Јане Боваровски остана 5 години, а за возачот Маноил Трифуновски 14 години затвор.
Советот за казниви дела при Врховниот суд ги уважи барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесени од осудените, а според образложението, Апелациониот суд не дал доволно конкретни и јасни одговори на суштинските жалбени наводи, односно не образложил детално како дејствијата на секој од обвинетите и техничката неисправност на автобусот директно придонеле за трагедијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
