Едно лице загина, а две други се повредени во напад со нож во основно училиште северно од Варшава, соопшти денеска полицијата, додавајќи дека нападот го извршил 15-годишен поранешен ученик.
Во средата, 19-годишен напаѓач рани девет лица со нож во средно училиште во Полска. Според полската новинска агенција ПАП (PAP), денешниот напад се случил во малото место Лешчидол-Новини (Leszczydol-Nowiny), на околу 70 километри северозападно од Варшава.
Како што објави регионалната полиција на платформата „Икс“ (X), 15-годишникот избодел три лица во своето поранешно училиште. 37-годишна вработена во техничката служба (домаќинка) им подлегнала на повредите, а ранети се уште две возрасни лица, пренесува француската новинска агенција АФП (AFP).
Во средата се случи напад со нож во стручно училиште во Остроленка, град лоциран на 20 километри северно од главниот град Варшава. Таму, 19-годишен ученик, кој беше уапсен од полицијата, рани девет лица.
Tagged as:
а две се повредени во нов напад со нож во училиште во Полска едно лице загина
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
