Background

Лекарката Хана Кејн, која наводно лекувала и членови на британското кралско семејство, била пронајдена мртва во својот дом во Дерсингам, во близина на кралскиот имот Сандрингам

Лекарката Хана Кејн, која наводно лекувала и членови на британското кралско семејство, била пронајдена мртва во својот дом во Дерсингам, во близина на кралскиот имот Сандрингам. Нејзиниот сопруг е уапсен под сомнение за убиство. За нејзината смрт биле информирани и кралот Чарлс и кралицата Камила.

Полицијата во Норфолк била повикана во домот на Хана Кејн, која професионално била позната и како Хана Тери, на 4 октомври, нешто по два часот наутро. Повикот го упатила итната медицинска помош, а лекарите на местото на настанот констатирале дека жената е почината.

Нејзиниот сопруг Марк Кејн бил уапсен под сомнение за убиство и се наоѓа во притвор додека трае истрагата. Полицијата подоцна добила одобрение за продолжување на притворот за дополнителни 32 часа, со цел истражителите да имаат повеќе време за испрашување. Обдукцијата на телото била извршена следниот ден.

- Advertisement -
Ad image

Во моментот на трагедијата во куќата биле и трите деца што Хана ги имала со Марк Кејн. Децата спиеле, а по настанот грижата за нив ја презеле надлежните служби.

Хана Кејн работела во медицинскиот центар „Гримстон“, кој по нејзината смрт објавил дека привремено ги затвора своите врати.

На интернет-страницата на центарот била објавена порака:

„Со жалење ги известуваме пациентите дека медицинскиот центар „Гримстон“ привремено е затворен поради исклучително тешките околности што го погодија нашиот тим. Се извинуваме поради прекинот во работата и ви благодариме за трпението и разбирањето во овие исклучително тешки моменти за нашите колеги“.

Од медицинскиот центар подоцна соопштиле дека нема да даваат никакви изјави за лекарката и дека сите официјални информации ќе ги објавува полицијата.

Кејн имала и сопствена ординација, „Norfolk Sky Aesthetics“.

Семејството на починатата лекарка се огласило со соопштение преку полицијата, во кое навело дека е „скршено од загубата на нивната прекрасна Хана“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖