Background

Завршувањето на Коридорот 8 е главна тема на конференцијата во Софија

Меѓународна конференција на министерско ниво, посветена на развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8 се одржува денеска во Софија. На форумот, чиј домаќин е бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова, Македонија ќе ја претставува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. На маргините на конференцијата е предвидена и билатерална средба на министерот Муцунски со Петрова-Чамова.

Во рамките на конференцијата, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на Коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови. Во фокусот ќе биде неговата целосна реализација како заеднички стратешки интерес на земјите долж Коридорот и на поширокиот европски простор.

Конференцијата треба да обезбеди платформа за политички и експертски дијалог, зајакната координација меѓу засегнатите страни и утврдување конкретни следни чекори за развојот на Коридорот 8, преку отворање можностите за забрзување на работите на неговите одделни делници, како и за понатамошна координација меѓу земјите и институциите вклучени во неговата реализација.

- Advertisement -
Ad image

Собирот претставува продолжение на досегашниот политички дијалог за Коридорот 8, вклучително и министерскиот состанок одржан во Тирана во февруари оваа година.

Во Македонија, во фокусот е железничкото поврзување со Бугарија. Во август годинава беа потпишани Договорите за финансирање на третата фаза од изградбата на пругата кон Бугарија, поточно железничката делница Крива Паланка–Деве Баир, во должина од 22 километри. Ќе се гради со грант од ЕУ од 149 милиони евра, а за реализација на овој проект обезбедени се и 175 милиони евра кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Со третата фаза ќе се гради прекуграничен железнички тунел дел од Коридор 8, кој почнува од Крива Паланка и влегува на територијата на Бугарија.

Директорот на „Железници Инфраструктура“ Синиша Ивановски минатиот месец соопшти дека се завршени околу 40 проценти од работите на делницата Бељаковце–Крива Паланка, додека вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пак, истакна дека Македонија во следните пет до шест години ќе инвестира над три милијарди евра во железничкиот дел од Коридорот 8.

Делницата, која е дел од железничката врска со Бугарија, е долга 34 километри. Првата фаза од Куманово до Бељаковце е изградена со заем од Европската банка за обнова и развој и веќе е пуштена во сообраќај во јануари 2025 година. Изградбата на втората даза односно делницата од Бељаковце до Крива Паланка, е во тек и се финансира со заем од Европската банка за обнова и развој и инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на Европската Унија.

Транснационалната транспортна оска исток-запад, железничкиот Коридор 8, се протега од пристаништето Бари во Италија до пристаништата Варна и Бургас во Бугарија. Нејзиниот централен дел минува низ Македонија, преку Кичево, Скопје, Куманово, Бељаковце и Крива Паланка. Сепак, сè уште недостигаат железнички врски на западниот дел, меѓу Кичево и границата со Албанија, како и на источниот дел кон бугарската граница. Изградбата на железничката делница од Коридорот 8 меѓу Куманово, Бељаковце и Крива Паланка официјално започна во октомври 2022 година во близина на Куманово.

Коридорот 8 е од стратешко значење за развојот на поврзаноста во Југоисточна Европа. Како транспортен правец што ги поврзува Црното и Јадранското Море, претставува еден од клучните инфраструктурни правци за поврзување на Македонија со Албанија и Бугарија, а преку нив и со поширокиот европски транспортен систем и има потенцијал да придонесе за подобрување на инфраструктурата долж оската Исток-Запад, економскиот развој, енергетската поврзаност, одржливоста и безбедноста во регионот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖