Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, ќе се сретнат денеска во Софија, на маргините од Меѓународната конференција за развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8.
Средбата е и официјално потврдена, а како што информира вчера премиерот Христијан Мицкоски, форматот и начинот на нејзиното одржување дополнително ќе бидат утврдени.
За пораките што ќе бидат испратени на средбата истакна дека во фокусот ќе биде потенцирањето дека само со дијалог може да се надмине моменталната состојба.
-Нашите пораките се јасни, дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение од оваа состојба во којашто во моментот се наоѓаме, дека ние сме за добрососедски односи и ние сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел, да бидеме дел од Европската Унија, нешто што многу одамна го заслуживме – рече Мицкоски.
Иницијативата за средбата произлезе за време на неодамнешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје. Мицкоски на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен, на која порача дека Европската Унија би требало да се вклучи во разговорите меѓу Македонија и Бугарија и да помогне во создавање услови за одржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, а обврските ќе важат за сите, изјави и дека од неа добил совет како еден од чекорите за приближување за ставовите да биде токму престојната средба.
Уште истиот ден Муцунски испрати дипломатска нота за иницирање средба со неговата бугарска колешка Петрова, во обид да се поттикне процесот за надминување на пречките и бугарската блокада на македонската евроинтеграција.
Бугарското Министерство за надворешни работи по оваа информација за БТА потврди дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе имаат можност да се сретнат на маргините на Министерска конференција, Петрова, а македонското МНР пoтврди дека е побарана средба меѓу министерот за надорешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова на маргините на состанокот во Софија.
Очекувањата од македонска страна се преку директен дијалог, во добра волја и со взаемно почитување, да се отворат можности за деблокирање на интегративниот пат, при што се нагласува потребата од одржливо решение кое нема повторно да го изложи пристапниот процес на нови билатерални условувања.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
