Борис Бекер ужива во одморот со сопругата Лилијан де Карваљо Монтеиро и нивната ќерка Зое Виторија. Поранешниот германски тениски ас сподели фотографии од семејниот одмор, а вниманието го привлече и неговата сопруга во костим за капење.
Бекер има 58 години, додека Лилијан има 36, а во брак се од септември 2024 година. Тие се венчаа во Италија, по околу пет години врска.
Парот во ноември минатата година го доби првото заедничко дете, ќерката Зое Виторија. Девојчето е петто дете на Бекер, кој од претходните бракови и врски ги има синовите Ноа, Елиас и Амадеус и ќерката Ана Ермакова.
Лилијан, пак, првпат стана мајка со раѓањето на Зое. Бекер претходно зборуваше со голема наклонетост за сопругата, а на нејзиниот 36. роденден ја нарече своја „кралица“ и ја пофали како мајка на нивното дете.
Бекер и Лилијан се запознале преку заеднички пријатели во Франкфурт во 2018 година, а врската ја започнале една година подоцна. Тениската легенда претходно изјави дека иако меѓу нив има 20 години разлика, веднаш почувствувале силна интелектуална поврзаност.
Ова не е првпат Бекер да сподели приватни моменти од семејниот живот. Во август годинава објави фотографии од одмор со Лилијан и малата Зое на езерото Комо, каде што семејството престојуваше во луксузниот „Grand Hotel Tremezzo“.
По бурниот период во кој во 2022 година беше осуден во Велика Британија поради прекршувања поврзани со неговиот банкрот и отслужи затворска казна, Бекер денес често на социјалните мрежи споделува фотографии од семејниот живот. Лилијан беше покрај него и во најтешкиот период од неговиот живот, а тој повеќепати зборуваше за нејзината поддршка.
Tagged as:
Тениската легенда сподели семејни моменти од луксузниот одмор на Сицилија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
