Македонската економија годинава ќе порасне меѓу 3,5 и 4%, изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја променетата прогноза на Светска банка за растот на македонската економија.
Мицкоски рече охрабрува фактот што Светска банка од целиот регион ја промени проценката за раст на економијата само за македонската економија и тоа во позитивна насока. Тој потсети дека проценката на Светска банка за годинава започнала со раст на БДП од 2,6%, која потоа е зголемена на 2,9%, а вчера е коригирана на 3,2%.
– Јас сум убеден дека оваа година растот на бруто-домашниот производ ќе биде меѓу 3,5 и 4%- рече Мицкоски, а како аргумент посочи а полугодишниот раст од 3,7% при раст во првиот квартал од 3,1% и растот од 4,3% во вториот квартал.
Мицкоски очекува Македонија да има и ниска инфлација, односно, како што рече, да биде меѓу земјите со најниска инфлација во регионот и Европа.
Во однос на економскиот раст, тој очекува Македонија да се најде меѓу првите пет земји во регионот и Европа, иако не очекува да има највисок раст.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
